Во еден неодамна спроведен експеримент, деца намерно биле изложени на ситуација во која на непознат човек случајно му паѓа паричникот. Тие најпрво изгледаат збунети и не знаат што да направат, но потоа се охрабруваат и го прават она што секоја чиста детска душа би го направила. Овој експеримент со повеќемина слатки учесници уште еднаш ни покажува дека човекот во својата природа е чист и нерасипан. Она што стануваме потоа е последица на влијанијата од околината и ситуациите кои ги носи животот.