Неговите другари го предизвикуваат да проба лута пиперка, но тие не очекуваат дека тој ќе ја голтне. Иако оваа врста пиперка која се вика нага јолокија во моментов не е најлута на светот, до неодамна била, а е толку лута што Индиската влада ја има развиено во биолошко оружје. Како што се очекува, реакцијата на детето изгледа многу болно, но истовремено е и смешна. Секое дете учи, но на некои им треба подобра лекција.