Во еден експеримент на компанијата за накит „Pandora Jewelry“ учествувале деца на возраст од 3 до 9 години и нивните мајки кои требале да ги пронајдат со заврзани очи. Дечињата посегаат по уникатните карактеристики како допирот на рацете, цртите на лицето, облеката, за на крајот да ја прегрнат токму онаа жена која е единствена во нивниот живот и ја препознаваат како својата мајка.
Идејата е да се прикаже уникатноста на жената и притоа да се потсети на уникатната врска која секое дете ја гради со својата мајка. Тоа никогаш не треба да го заборавиме.