Тие даваат сè од себе, но едноставно не наоѓаат начин со зборови да му објаснат на ова слепо момче како изгледа секоја боја. Некои од нив почнуваат да ги споредуваат со звуци, или пак дејства, но изгледа станува збор за потешка задача одошто мислите. Како вие би објасниле одредена боја на човек што никогаш не го видел светот?