Би помислиле дека бонбоните си се бонбони, не може да не се слатки и не може да не ни се допаѓаат, а особено на децата. Но, ова видео покажува дека не е баш така. Додека некои деца се отворени за новите слатки вкусови што ги чувствуваат во нивната уста, други се муртат скоро на сè што не им е познато и веднаш добиваат нагон да го плукнат. Сепак, околу некои слатки задоволства постои консензус – сега и ние сакаме бонбони од прегорен ориз од Јужна Кореја. 🙂