Кога треба да се прави дегустација на благи работи од изминативе 100 години, секако дека најдобро е да се повикаат вистински експерти за да ја завршат работата. Има ли постручни лица за оваа задача од децата? Секако дека не. Некои благи им се допаѓаат повеќе, некои помалку, но во секој случај тие признаваат дека никогаш не се соочиле со посладок предизвик од овој. Погледнете го видеото од овие деца кои ги пробуваат најпопуларните слатки во изминатите 100 години и почестете се со вкусен десерт…