Детската психа е навистина кревка и затоа треба да се внимава што се зборува пред нив. Тие го восприемаат сето она што го слушаат и потоа почнуваат да го применуваат. Поука: Не пцујте во близина на деца.
Има нешто необично шармантно и слатко кога малите деца пцујат – можеби тоа е поради тоа што многу наликуваат на своите родители. Сепак, навикнати сме да ги гледаме децата како најневините суштества на планетата, а тоа не се менува кога тие кажуваат срамотни зборови.