За разлика од рендгенските снимки и компјутерската томографија, сликањето со магнетна резонанса нема штетно радиоактивно зрачење. Поради тоа техничарите можеле да направат повеќе снимки за да добијат претстава што се случува со телото во одредени ситуации. Видеото содржи експлицитни сцени, прикажувајќи ја внатрешноста на телото кога се возбудуваме, начинот на кој се испреплетуваат јазиците при француски бакнеж, сексуален однос, како и развојот на бебето во мајчината утроба.