Секој од нас си има некои зборчиња или фрази кои често ги користи во муабет, па така јазикот во разговорен стил ни станува излитен, извештачен, па дури и деформиран (во смисла дека едни зборови си користиме во друго значење). Некои вакви „узречици“ се интересни и шармантни, но некои се употребуваат пречесто и можат да одат на нерви. Таков е случајот со „буквално“ што го користиме за сенешто, кога всушност мислиме на „фигуративно“. Момците од College Humor направиле забавно видео на оваа тема, што на некој начин изгледа како модерна верзија на приказната за овчарот кој извикувал: воооолк, вооолк!