Дали би му дозволиле на вашиот брат или сестра да одбере тетоважа за вас? Дали би им верувале до тој степен што би им дозволиле тие да креираат тетоважа за вас, која не би ја виделе сѐ додека не биде истетовирана? Што мислите, дали би ви се допаднала?
Ова видео го спроведува токму тој експеримент. Доброволците им дозволуваат на нивните браќа и сестри да одберат тетоважа за нив, која за прв пат ќе ја видат дури откако веќе ќе биде запечатена на нивната кожа засекогаш. Би го преземале тој ризик? За среќа, реакциите на овие храбри момци и девојки се позитивни.
Видеото докажува дека најблиските членови од семјеството и покрај сите несогласувања, сепак најдобро ве познаваат и знаат точно што ви одговара. А самото тоа што ќе го споделите ова искуство со вашиот брат или сестра, ќе ѝ даде уште поголемо значење на тетоважата која ќе ја носите до крајот на животот.
Погледнете го видеото и доколку сте љубители на тетоважите, размислете за овој интересен предлог кој несомнено би прераснал во незаборавно искуство на кое со задоволство ќе се сеќавате.