Стефани Вија, позната и како SoothingSista на Инстаграм, е блогерка која се занимава со убавината, модата и животните стилови. Но, тоа што ја издвојува оваа девојка од останатите е фактот што целосно го прифатила нејзиниот природен изглед. Во ова видео таа ни објаснува како успеала да ги засака сите свои карактеристики, вклучувајќи ги и нејзините очи кои отсекогаш ѝ пречеле бидејќи нивната форма била различна од онаа која медиумите ја означуваат како „убава“.