„Булинг“ е термин кој добива сè поголемо значење во животот на луѓето бидејќи неговите ефекти можат да бидат застрашувачки, а понекогаш дури и смртоносни. Целта на ова видео е да ни покаже како луѓето се справуваат со психолошкото насилство врз децата и да ја прошири свесноста за проблемот. Дали и вие би помогнале доколку се најдете во ваква ситуација? Или пак, вие сте оние кои стојат од „посилната“ страна на овој вид насилство?