42-годишниот Лук Аикинс се пушти од авион на висина од 7,6 км без падобран и безбедно слета врз поставената мрежа развивајќи брзина од 200 км на час. Пред подвигот му било кажано дека мора да носи падобран, дури и ако не планира да го отвори, но неколку минути пред самиот скок ограничувањето било тргнато и тој се ослободил од него. За овој скок се подготвувал 2 години, а горе во височините го придружувале уште тројца падобранџии. Настанот во живо го следела неговата сопруга и нивниот 4-годишен син, а по успешното слетување можеме да го видиме Лук жив, здрав и полн со адреналин. Па, дури и знаејќи го ова, срцето ќе ви застане додека не го видите Лук во мрежата.