Овој танчар излудува со својата експлозивна бунтовна изведба, па ако не можете да ги тргнете очите од него штом почнете да го гледате видеото – во ред е, и на други им се случило.
Се работи за Сергеј Полунин кој на 19-годишна возраст бил најмладиот главен танчар во Британскиот балет. Полн со гнев, тој ги одбил ограничувањата кои доаѓале со неговата кариера. Трагајќи по послободен живот, тој дал отказ, а ноќта потоа ја поминал во студио за тетовирање.
Сега има 25 години и сака да ја изрази својата страст преку актерска кариера. И за ничие изненадување, веќе е забележан и почнал да добива понуди.
Во видеото го гледаме како танцува на номинираната за Греми „Take Me To The Church“ од Хозие. Видеото е режирано од прочуениот фотограф Дејвид ЛаШапел.