Ноа Ритер има само 5 години, но неговото прво појавување на телевизија постана вистинска сензација на интернет каде видео прилогот во кој се појавува е погледнат над 3 милиони пати за помалку од два дена.
Екипа на ТВ каналот WNEP го сретнала малиот Ноа во Хонесдејл, а новинарката Софија Ојед одлучила да поразговара со него и го прашала што видел и како се чувствува. Но, таа во тој момент не можела ни да претпостави дека се работи за уште едно ново видео кое ќе постане толку вирално.
Во текот на разговорот Ноа дури 8 пати го употребува зборот „apparently“, емитирајќи водител, притоа повеќепати потсетувајќи ги гледачите дека никогаш порано не се појавил на телевизија и дека „очигледно“ некогаш не гледа вести бидејќи е дете. 🙂
Неговиот дедо Џек Боровски изјавил дека на Ноа му се допаднала славата која ја стекнал, велејќи „Тоа сум јас, славен сум“ додека го гледал видео прилогот на телевизија.
„Па супер беше, очигледно се вртите во круг и очигледно секој пат ви се завртува во глава. Тоа е тоа, само ви се завртува во глава. И никогаш не сум бил на телевизија“, додава Ноа зборувајќи за искуството од возењето на некој вид вртелешка на панаѓурот.
Кога отпосле бил интервјуиран во врска со неговото појавување на национална телевизија, Ноа изјавил:
„Супер беше, но очигледно ми беше многу срам. Јас бев онака, засрамен. Но, очигледно… ох, сега, сега само ги повторувам зборовите кои ги користев кога ме снимаа на панаѓурот.“