„The Last Game“ е приказна за ризичниот наспроти безбедниот фудбал. Еден научник верува дека оригиналните играчи ризикуваат и поради тоа прават грешки, па затоа ги креира безгрешните клонови. Најголемите светски фудбалери меѓу кои и Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни се предизвикани од безгрешните клонови со кои треба да се соочат на последниот натпревар. Доколку не успеат, ќе се откажат засекогаш. Но, тие се подготвени да ризикуваат сѐ и да докажат дека мораш да ризикуваш за да победиш.