Експериментот на Канон Австралија ни покажува што може да се случи доколку фотографите му пристапат на својот субјект со одредена агенда. На 6 фотографи им биле раскажани различни приказни во врска со човекот кој требало да го фотографираат, и токму тоа било причина за да се добијат толку различни фотографии од секој од нив.
Различните приказни за моделот вклучувале дека Мајкл е милионер, поранешен затвореник, видовит, спасувач и рибар. Ова резултирало со создавање на драстично различни фотографии сликани во истото студио со користење на истите реквизити.
„Фотографијата е повеќе обликувана од личноста зад фотоапаратот одошто од она што се наоѓа пред неа“, пишуваат Канон Австралија во видеото.