Мажите често не признаваат дека жените се многу посилни во некои ситуации. Но, кога ќе се обидат да направат нешто што го прават и припадничките на понежниот пол, сфаќаат дека не е толку едноставно.
Брендон Коен од Лос Анџелес бил убеден дека жените премногу се жалат за штиклите и дека тие не се толку неудобни. Меѓутоа, кога се обидел да помине еден работен ден во сандали со висока и тенка штикла, воопшто не му било едноставно.
Сето тоа е снимено на камера, а тој со крајни сили издржал 12 часа на нозе и признава дека штиклите се „ѓаволски чевли“.