Човеков ја запалил колата за да тргне, и тоа наводно ги исплашило децата на женава, која почнува да му се дере и со гадење да му извикува „нигер“. Интересно е дека дури и откако станува свесна дека видеото ќе заврши на Јутјуб, таа не престанува со навредите и невротичното однесување, и тоа, токму пред нејзините деца за кои толку се загрижи. Баш им дава пример.