Детето танчар од Филипините, Баланг, се враќа во студиото на Елен за да се пофали со своите нови чекори! Бидејќи претходниот пат од неа добил велосипед за вежбање, тој смета и дека ослабел (иако не изгледа како да вежбал, но кои сме ние да судиме?) па го споделува и тоа искуство со Елен. Да не должиме, погледнете го неговото интервју, како и одличната нова кореографија што ја подготвил за своите фанови!