Бебињата во просек кажуваат по 6 зборови додека да навршат 18 месеци, но тоа сигурно нема да биде случај со бебето Килијан. На само 7 недели тој најпрво се обидува да го повтори поздравот на мајка му, вртејќи со јазичето и напрегајќи се, и на крајот успева јасно да каже „хелоу“.
Мајката Тони Меккен вели дека чувствувала дека извесно време Килијан изгледал како да сака да каже нешто, а тој ден особено остварувал контакт со очи, па така решила и да го снима видеото. Многумина се воодушевуваат, некои не веруваат дека она што го слушаат е всушност тој збор, но едно е сигурно – ова бебенце е преслатко и неговиот напор за комуникација го прави неодоливо.