Италијанецот Џанлука Ваки, кој има 50 години, би можел да им биде пример на сите припадници на посилниот пол, вклучувајќи ги неговите врсници, па и постарите од него.
Тој го добил прекарот „секси дедо“, кој не е баш соодветен со оглед на тоа што неговите години не можат да се сметаат за старост, а на телото кое го има би можеле да му позавидат и момците 10-20 години помлади од него. Неговиот танц ги воодушеви сите, особено девојките за кои познато е дека се големи љубители на добрите движења.
Тој е целосно посветен на неговата 30-годишна Џорџа која плени со нејзината убавина и позитивна енергија. Во продолжение погледнете го неодоливиот танц на овие двајца заљубени кои можеби ќе ве поттикнат и вие веднаш да заиграте со вашиот партнер.