И покрај големиот број можности кои овозможуваат лесно запознавање и брза комуникација, сепак понекогаш може да изгледа скоро невозможно да ја пронајдете совршената личност за вас. Модерните љубовни врски стануваат сè покомплицирани, па затоа и повеќето луѓе се повеќе фокусирани во наоѓање нешто подобро наместо давање сè од себе за врската во која моментално се наоѓаат.
Но, постојат нешта кои никогаш нема да се променат. Нешта како прашањето: Дали би биле во врска со некој кој е на иста возраст како вашите родители? Или пак, дали би гледале порнографија со вашиот партнер? За да го откријат одговорот на овие прашања, група од модерни момци и девојки искрено одговарале со цел да ни покажат како тие гледаат на денешните врски.