Истото прашање било поставувано на странци кои седат еден покрај друг, но кои не можат да се видат. Тие не знаат која е другата личност покрај нив, а уште помалку дека таа страда од рак или дека има блиска личност која се бори со оваа болест. Што мислите, кои се желбите на здравите луѓе, а кои се желбите на оние кои се борат за живот?
Целта на ова видео е да ни покаже дека многу често забораваме да бидеме благодарни за животот и дека сите го земаме „здраво за готово“. Ние воопшто не сме благодарни за малите нешта и почнуваме да ги цениме дури откако ќе ги изгубиме…