Онлајн насилството можеби не остава физички лузни, но сите жртви би ви кажале дека психолошките и емоционалните траги траат доживотно. Лук Кулхејн многу добро го познава овој вид насилство. 13-годишното момче од Ирска вели дека постојано било малтретирано онлајн од своите соученици и токму затоа решило да ја покаже онаа страна од интернет насилството која светот досега не ја видел.
Токму затоа и ја создал онлајн кампањата #CreateNoHate, заедно со неверојатно кратко видео кое ќе ве погоди директно во срцето.
„Никој не го заслужува ова“, вели тој во видеото. „И сите ние можеме да помогнеме за да ставиме крај!“