Поезија: Запри, застани, погледни…
Автор: Пеперутка
Запри, застани, погледни…
Ме одмина,
а ти ме пронајде.
Ме заборави,
а ти ме разбуди.
Сега не можам да заспијам.
Ми подаде рака,
а сега сум сама.
Не беше само насмевка,
не беше само поглед,
не беше само обичен збор.
Ништо не беше случајност.
Беше пулс,
беше сјај,
беше трепет.
Сè беше вистина.
Вистина во која
не сакаш да веруваш.
Вистина од која
се плашиш.
Вистина која не ја признаваш,
но и вистина која постои.
И пак не веруваш.
Но запри, застани, погледни…
јас сè уште постојам,
јас сè уште ти се насмевнувам,
те гледам,
те чувствувам.
Јас не заминав,
зашто знам дека ќе се вратиш,
зашто одиш бесцелно,
бегаш од себе.
Но патот по кој одиш е круг,
пак ќе ме сретнеш.
Тогаш запри, застани, погледни
и не одминувај ја вистината
пред која ќе стоиш.
Не биди слеп
за сјајот во своите очи,
не биди далечен
за пулсот на своето срце,
не биди студен
за прегратката во своите раце.
Не биди лажно празен
за она што длабоко те исполнува.
Само запри, застани, погледни…
се пронајдов во тексов… прекрасно напишано.:) браво!:)
Prekrasno!!!