За животот и смртта: Нема ништо пострашно од загубата на блиска личност
Повеќето луѓе се плашат од смртта. Се плашат од тоа дека ќе си заминат од овој свет пред да ги остварат своите цели, пред да ги поправат своите грешки, пред да ги исполнат своите соништа и да се претворат во личноста која отсекогаш посакувале да бидат. Се плашат дека нема да успеат да се збогуваат со своите најблиски и да им ги кажат сите работи што треба да ги знаат. Многумина ја гледаат смртта како конечен крај после кој ништо повеќе не вреди и не е важно. Помислата на прераното губење на животот е навистина страшна и вознемирувачка.
Луѓето ќе кажат дека нема ништо пострашно од предвремената смрт. Но, вреди да се запрашаме што е потешко: Да се изгуби сопствениот живот или да се изгуби животот на блиска личност? Кога луѓето умираат, тие не чувствуваат повеќе болка. Не се сведоци на сите неправди и разочарувања на Земјата. Не го гледаат туѓото страдање. Тие едноставно заминуваат и се „спасуваат“ од секојдневните грижи и обврски.
А што е со оние кои останале живи и мораат секој ден да се соочуваат со фактот дека нивните најблиски луѓе не се повеќе со нив? Како тие да живеат со сознанието дека никогаш повеќе нема да го чујат тој добро познат глас, дека никогаш нема да го видат тој блесок во очите и никогаш веќе нема да го почувствуваат нивниот топол допир?
Како да се продолжи понатаму по загубата на блиска личност? Луѓето кои изгубиле некого знаат дека ништо повеќе нема да биде исто. Тие ќе бидат принудени да продолжат да дишат без човекот кој бил разумот во нивното бесознание, причината за насмевка во нивната тага, безрезервната поддршка кога сите други ги напуштиле и безусловната љубов кога ја изгубиле сета надеж. Како да продолжат да живеат без овој човек?
Смртта е неизбежна. Оваа непожелна гостинка еден ден ќе затропа на сечија врата. Но, не, сопствената смрт не е таа од која треба најмногу да се плашиме, бидејќи тоа не е најстрашното нешто. Најтешко и најболно е да се биде сведок на вечното заминување на блиска личност. Само луѓето кои поминале низ тоа, можат да ја разберат болката. Секој обид да се сочувствува со нив завршува безуспешно, бидејќи оној кој не доживеал такво нешто не може ни да си замисли како е, колку и да се труди.
Иако се чини дека по смртта сета работа и постигнати успеси на еден човек стануваат безначајни, тоа не е вистина. Човекот секогаш остава трага кај своите најблиски преку неговите постапки и начин на однесување. И покрај тоа што тој не е повеќе меѓу живите, спомените за него продолжуваат да живеат и понатаму во срцата на оние кај кои оставил белег. Болката предизвикана од загубата на блиска личност е неизмерна, но со текот на времето може да се претвори во нешто благородно.
Секогаш кога ќе помислите вашите сакани кои прерано го загубиле животот, не се чувствувајте лошо поради тоа што не се покрај вас. Бидете благодарни што сте ги познавале и што биле дел од вашиот живот. Бидете благодарни за сите лекции што сте ги научиле од нив и за сите спомени што сте ги создале заедно. Сѐ додека ги одржувате во живот сеќавањата за нив, тие никогаш нема да умрат вистински, туку секогаш ќе бидат дел од вас, до крајот на вашиот постоење…
ubavo kazhano, jas sum 7 godini vdovec i go znam toa. Ima edna anegdota – koga umresh , ti neznaesh deka si mrtov i ne ti e teshko, teshko e na tie okolu tebe. Isto e i koga si glup…
Megjutoa ovoj gubitok na bliska lichnost sekoj si ja dozhivuva individualno, nemozhe da se svede pod zaednichki imenitel ” prodolzhuvanjeto ” na zhivotot.
pozz