Поезија: Пронајди се, пронајди ме

Поезија: Пронајди се, пронајди ме

Автор: Пеперутка

1-pronajdi-se-pronajdi-me-www.kafepauza.mk_

Зошто бегаш, зарем не сфаќаш?
Гледаш, но не забележуваш.
Јас стојам пред тебе,
а ти ме бараш.
Ме гледаш
и се уште ме бараш,
а не веруваш дека постојам.
Ми зборуваш за мене,
ме полудуваш,
но не ме гледаш.
Јас сум таа што ја бараш,
но не само таа што ја гледаш,
туку онаа која треба да ја откриеш
длабоко во онаа што ја гледаш.
Не ме разбираш,
зашто пак само површно читаш,
зашто забораваш,
не размислуваш.
Си велиш: „ Во многу гледам“.
Но што чувствуваш
додека гледаш?
Знам дека знаеш,
но не признаваш.
Ни себеси не си веруваш,
од страв не си дозволуваш.
Се пронаоѓаш, знам,
но лесно се откажуваш.
Не затоа што не знаеш
доволно да сакаш,
туку зашто си заборавил
да сонуваш,
да се надеваш,
во искреност да веруваш
и од срце да се радуваш.
Си заборавил
без горчина да судиш и
безусловно да љубиш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Зое Reply

    Секоја чест, Пеперутка ! Преголеми емоции во поезија преточени. Ретко кој ја има таа способност. ^^

  2. Obi Reply

    ubava e i koga ja citas od dole nagore:)

  3. Chloe Reply

    Се согласувам со Obi. Едноставно предобро!

Остави коментар