Постои ли детето во тебе?

Постои ли детето во тебе?

Автор: Валерија Дамчевска

Постои ли детето во тебе?

Секој еден од нас заборава на детето во себе. Заборава колку бил среќен, колку сонувал, со кого израснал.
Ги заборава куклите кои биле луѓе за него, ги заборава војните со другарите и топките кои значеле премногу, ги заборава коцките кои ги гледал како згради.
Дали воопшто некој некогаш се сеќава на детството?

Дали сега светот е толку шарен и едноставен?
Дали сите луѓе можат да бидат добри и на твоја страна?
Дали топката е само играчка или средство за стекнување богатство?
Дали играта е задоволство или само бизнис?
Дали љубениот е само кукла или вистинско суштество?
Дали љубовните приказни се само на филм или ни се случуваат нам?
Дали им кажуваме сè на родителите како порано или пак многу малку?
Дали ја бакнуваме мама за добра ноќ или пак се караме жестоко со неа?
Дали времето „работи“ на наша страна?
Дали секој ден ни е само игра или вистински се случува?
Дали болката ни е од удрено колено или од скршено срце?
Дали солзите капат заради скршена играчка или пак за заминување на некој другар?
Дали плускавиците ни се од патиките во кои трчаме или пак од штикли кои божем нè прават поубави?
Дали во секого гледаме другар или пак се плашиме од многу погледи?
Дали цигарата е само смрдливо нешто кое го пуши тато или ни служи за да ги смириме и ублажиме страдањата?
Дали пивото е горчливо или сега е премногу добро?
Дали се радуваме на сонцето или се криеме од него?
Дали пишуваме споменари или пак објавуваме песни на Фејсбук?
Дали вредеше да пораснеме, бидејќи кога бевме деца си игравме возрасни? Но дали да влеземе во светот на лаги, омраза, болка, дрога, силување, во светот каде секој ја носи својата маска?

И денес кога ќе го прочитате ова, запрашајте се дали го исполнивте својот сон или само пораснавте?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар