Поезија: Недостиг
Автор: Сашка
Ми недостига еден топол поглед,
и цврсто држење за рака.
Ми недостига сјајот на едни очи,
и храброста да им шепнам TE САКАМ.
Ми недостига една силна прегратка,
и скришно украден бакнеж.
Толку нешта ми недостигаат!…
а те нема да ми ги дадеш.
Ми недостигаат долгите разговори
и доверените тајни.
Ми недостигаат погледите,
и очи со искри сјајни.
Ми недостига рамо за плачење,
и смеата од срце.
Ми недостига, се губат
две подадени раце.
Ми недостига зима
затрупана во бели снегови,
за мене топли денови
ми недостигаат оние мигови…
Не ми недостига љубовта твоја,
никогаш ја немав.
Мене не ми недостигаш Ти!
Ми недостига човекот кој мислев дека си…
Mnogu ubavo. 😀
no coment:) prekrasno
Mnogu dobro, na mesto napisano !