Поезија: Контрасти и реторички одговори

Поезија: Контрасти и реторички одговори

Автор: Пеперутка

Контрасти и реторички одговори

Ми требаш,
а те немам.
Постоиш,
но не те гледам.
Те барам,
а не те наоѓам.
Те сонувам
и не сакам да се разбудам.
Не сакам да те изгубам.
Смешно е да кажам
дека те сакам,
не те ни познавам,
Но те чувствувам.
Некој глас однатре
ми зборува
да останам, да почекам,
да не бегам.
Морам да те пронајдам.
Се прашувам,
но одговор не дознавам,
кога ќе те видам?
Се плашам,
да те погледнам
и во твоите очи
да не се пронајдам.
Да те слушам и да верувам
во лагата што не сакам
да ја откријам.
Се плашам да се заљубам
во другиот во тебе,
оној што јас го гледам,
а ти го криеш
некаде длабоко во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар