Кога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлмените
Автор: Александар
Џентлмени – загрозен вид во изумирање – текст кој ме инспирираше да ја напишам првата статија во мојот живот. Пробав ред по ред да одговорам на сите скриени прашања и мислам дека повеќето би се сложиле со исклучок на оние личности од понежниот пол кои нема да се препознаат во текстот. Па да почнеме…
Дури и глумците кои би требало да изгледаат како „совршени џентлмени“, кои навистина може да се видат само на телевизија, стануваат ретки. Толку се ретки што се дигна нивната цена ненормално високо за да самите се спуштат на најниското морално ниво и да глумат совршени џентлмени. Во денешно време многу е тешко да се глуми совршен џентлмен кога пред тебе стои нискоинтелигентна особа.
Како да сакаш да отвориш врата од кола кога она ми вика: Шо кола возиш? Сигурно нема да се возиме во крнтијата на татко ти… или те глеа дека навистина добро се носиш и прво што ù текнува во глава е: Овој мора да има БМВ или Мерџо… а ти возиш Астра 97 година и се радуваш што имаш клима и нема да се скуваш док излезеш у град. Пробуваш да помогнеш на девојка у град дигната на 12-ка штикла, натоварена со кеси потешки од неа со реномирани копии од Бершка, Мона и Теранова и уште ти вика: Бегај море манијак еден… Хелоууу мислиш дека сум толку лесна па со ова ќе ме ќариш? МАРШШШ… или едноставно ти одмавнува со поглед и те прави да се чувствуваш као кретен. Влага во 5-ка дотерана пиц-пец со нога ко ќумец и ти вика: Дечко пази малце, не глеаш дека влагам??? Или се вози во државен во вторник и петок и ти се врти тебе и ти вика: Дечкооо… Шо се буташ???
Вака сеа, добро е што жените почнаа да се залагаат за нивните права, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Твоето его нема да биде повредено ако некој ти отвори врата и ти влезеш прва, ама твоето его нема да биде повредено и доколку се заблагодариш на дечкото кој се потрудил да те испочитува како дама. Доколку си и самата способна да ја отвориш вратата, значи способна си и да се заблагодариш или едноставно пријатно да се насмевнеш во чест на почитта што ти ја пружил, без прво да помислиш во глава дека со тоа ќе ти се наруши твоето его и ќе дозволиш за жал на, не твој тип на маж, да се насмевнеш и ти ги види твоите „добро наредени заби“. Како што жените го изменија зборот женствени, така и мажите го изменија истакнувањето на машкоста.
Колку само ни недостигаат сите оние ситници на кои се радуваа жените од 80-тите и 90-тите години. Скинато цвеќе од градината на комшијата, крадење кола од дома за да ја изненади девојката и да ја однесе на место каде сонувала да биде, да отвори врата од кола, да ù подаде рака да се качи на коњ, да ù го подаде марамчето паднато на под, да помогне на старата изнемоштена жена која се натоварила со кромид и лук за дедото и слични работи што ги гледаме само на филм и станаа неблагодарни гестови за кои те озборуваат и те оцрнуваат како човек.
Ништо друго не бараме, туку почит каква што мажите имале до почетокот на новиот милениум, насмеано лице за подареното цвеќе, а не повратен одговор: И шо да му правам сега? Кај да го ставам? Или: Кај ти текна да ја земеш крнтијава, едвај ќе стигнеме сеа… Ај не ми се прави џентлмен, можам и сама… Го гледа инструкторот за јавање и се моли да ја придржи и дигне за да ја качи на коњ. И, треба нешто да значи ова ако си ми го подал марамчево? …
Мажите веќе се свесни дека и со намера нешто да направиш нема да го добиеш, затоа ова почнаа да го практикуваат само за да го направат животот поинтересен, применувајќи некои од овие ретро џентлменски трикови, но за жал веќе изветреани. Башка, што и да направиш за жените веќе е видено на филм и не е интересно.
Се надевам дека понатака и на првиот состанок мажите нема да треба да прават будали од себе кога битно е првиот впечаток на девојчето за тебе, а тоа навидум стана практика кај сите:
- Дали добро ја носи косата?
- Дали носи часовник од позната марка? …што укажувало на фактот дека навистина се грижи за својот имиџ, а не дај Боже да носиш и каиш од Мона, тогаш си совршен, но сепак ќе размислам додека не ме качиш во кола.
А да и најбитното… - Какви патичиња носиш? (цел град е преплавен со Најк и Адидас патичиња, без разлика на тоа дали им стои на панталоните и маичката или на сакото што го носат у секоја прилика)
Што и да пробате да направите друго, немојте да зажалите ако на крај се почувствувате као кретен.
Така да мажи, сè додека оваа практика не им излезе на девојчињата од глава и почнат да ги гледаат реалните можности на македонското момче, никогаш не пробувајте да бидете џентлмени со избледени џентлменски фори, зашто нема да бидете испочитувани како правилен маж.
🙂 tocno e ova, no brojot na spomenatite devojki vo tekstot ne e tolku golem za plachki deka nemalo pocit, eve sovet za takvite devojki – ignoriraj gi:)
+ namesto “krntijata” denes uste poromanticno, poeftino i ekoloski e da imas tocak 😉
Brat alal da ti e 🙂 sekoj normalen maz ke se pronajde vo tekstot 🙂
Pa pa dragi moi maski gledajte drug pat pred kakvo devojce ke se odnesuvate kako dzentlmen. So ogled na toa deka postojat devojki koi si imaat staveno vo nivniot mal mozok deka se mn vazni i jaki i deka site maski se isti i se pridruzvaat do stavot “zgazi go i ponizi go sto poveke mozes” pa takvite ostavete im gi na huligatnite na kopucite koi se tepaat za gluposti, a vie gledajte da gi pronajdete oni koi ke go cenat ona sto vie se trudite da go napravite.I kako sto dama ne se stanuva so skap fustan i stikli taka i dzentlmen ne se stnuva so nike paticinja i so petelsko frizurce tuku so odnesuvanje kako takov :))
Nemora da znaci deka zenite ne gi cenat gestovite na mazite, se zavisi od zenata, nekoi se tolku razmazani smizli, a nekoi se pravi dami sto gorat za takvi dzentlmeni, znaat da kazat i blagodaram i se, taka da ne gi stavajte site zeni vo ista kosnica, se e do karakterot i domasnoto vospituvanje
you rock !! 😀
ova se samo dobro izbrani opravdanija na maski sto sigruna sum deka nikogas ne se pokazale dzentelmenski pred nekoja zena. site ovie primeri se samo scenarija vo glavata na avtorot. sekoe normalno devojce bi vozvratilo so blagodarnost. taa so nosi minic u 5ka i 12 cm stikla ne e po avtomatizam dama.
Очекував коментари на колумната, но тоа што си се одлучил да го дадеш својот одговор во ваква форма е уште подобро. Би била лицемерна ако речам дека не ми се допадна тоа што си го напишал, зaшто за многу работи навистина си во право… Но, да бидеме искрени, комплексна е темава и вака не можеме да ја разгледаме правилно од секој агол, а уште помалку да решиме нешто. Ако те интересира моето мислење, како прво, мора да знаете дека не се сите девојки такви. Дека постојат девојки кои навистина заслужуваат да имаат џентлмен покрај себе, оние кои се радуваат на џентлменски гестови и на подарено цвеќе, оние кои се радуваат и ако со тебе се возат на точак. Во ред, уште на почетокот си навел дека постојат исклучоци, но како што го читам текстов сфаќам дека не си баш свесен за исклучоците. Ако два три пати сте пробале да бидете џентлмени, па сте добиле некаков дрзок фидбек, не мора да значи дека секогаш ќе биде така. Како таа ќе изреагира е всушност одраз на нејзината култура како личност, да не ги мешаме тука половите, и стар дедо може да ти се раздере ако пробаш да му помогнеш… Понатака, како што и вие ги оценувате девојките на првиот состанок (ако не и секогаш), според исцртаноста на нивните облини и нивото на провокативност во нивната гардeроба, така и нашите критериуми за вас станаа плитки и површни. А ако подобро размислиш, работиве се и тоа како поврзани. Девојките кои се вистински авиони, како слезени од модните писти, можеби ви примамуваат погледи, ама сакаат добри марки на автомобили и патичиња, но тоа е веќе друга тема на муабет… Можеби постојат гестови кои се толку ретро и некако излитени, но оној кој знае правилно да ги примени не би требало да има никаков проблем, и плус, секогаш ќе се најде некој кој ќе ги цени. .. Како и да свртиш, некаков баланс со сигурност на сите ни е нарушен, ама тоа е тоа. Во секој случај, среќна сум што сум те инспирирала да напишеш вакво нешто. Се потрудив да бидам кратка со одговоров, па ова е најкраткото што можев да го дадам, инаку можам да расправам на долго и широко :).
Ели кажа апсолутно се во нејзиниот одговор до авторот на статијава. Целосно се согласувам – сакав истово да го пишувам, ама нејзиниот коментар ме поштеди од пишување.
Сум дискутирала милион пати на оваа тема со дечко ми, со мои добри пријатели и познаници и замисли, сите го имаат истото мислење за девојките.
Не знам зошто така размислувате, ама штом сте ги употребувале вашите џентлеменски манири на погрешните девојки, тогаш ВИЕ погрешно сте ги процениле.
Не се криви девојките ако вие не знаете да ги одберете.
Страшно ми е жал што добри момци имаат искривена слика за девојките во земјава поради погрешни личности.
И дечко ми беше таков, ама виде дека не сме сите такви како деовјките кои си ги опишал. Треба само добра проценка на карактер.
И нема врска тоа дека ако една девојка е преубава или презгодна дека ќе се однесува така и не знае да цени – понекогаш може да го добиете целиот пакет, убава + паметна + грижлива + знае-да-цени, само треба подобро да ги отворите очите.
Јас како објективен читач во теков на изминатиов ден можам да кажам дека и двајцата сте во право. : )
Времето на John Cusack со boombox под прозорец и тоа како е заминато, а, се чини дека и секој од нас на моменти ги заборава вистинските вредности. Благодарам, Повели или она едно слатко Здраво се заменети со пцости, погрдни зборови и разни други гестови кои ниту нам, жените, ниту вам мажите не ни помагаат. Всушност ние самите се назадуваме. Можеме да го обвиниме прематеријалното општество и времево во кое живееме, но првин да тргнеме од себе. Постојат селјаци и спонзоруши кои лесно би се пронашле во вашите статии, но не сите девојки и момчиња го носат тој епитет. А, според мене вие двајца сте токму доказ за тоа. И двајцата зборувате за истото, од различна перспектива.
[ Една работа која не ми е јасна е зошто независноста на жените и рамноправноста ја поврзуваат со оваа тема за џентлмени? Што ќе беше со светот ако не постоеше еднаквост? – Ние како единки немаше да еволуираме! ]
Јас како безнадежен романтичар се уште цврсто верувам дека манирите не се мртви, и не замижувам пред Nike патики, или BMW, туку пред она вистинското, што секогаш се познава ( дури и позади Lacoste или Bershka кошула ).
Shto se odnesuva na tekstot,sosema se soglasuvam. Bidejki i samiot sum dobar vo esejskite vodi,bi sakal da postavam edni retoricki prashanja i da istaknam ocigledni fakti. Promenite se slucuvaat kako posledica od druga promena. Pa taka dzentlmenite odletaa vo nepovrat kade sho i odletaa i vistinskite moralni kvaliteti na edna devojka ili zena. Ne baraj sovrshenstvo bidejki i samiot ti ne si sovrshen. Mozebi vo nekoi slucaevi mazite se povrshni,no zatoa pak zenite se vecni fanovi na materjalizmot. Onie shto se isklucok ke mi protivrecat na komentarot,a onie koi ke se pronajdat ke me kolnat pred monitorot. Pa zatoa vratete se vo vremeto koga ponezniot pol znael za elegancija i skromnost,bidejki tamu ke gi najdete i dzentlmenite.
Интересно е што и двајцата сте многу во право… Живееме во свет каде што постојано мислиме дека се што прават луѓето околу нас е со „задни намери“ и поради тоа често се случува да не се препознаат вистинските џентлмени/дами 🙂 Искрено мислам дека овие џентелменски/дамски особини се кријат некаде длабоко во сите нас, но не секој може да ги натера да излезат на површина 😉
Точно, еве јас сум вистински џентлмен.. мојот број е 075****** 😛
nikogas da ne generalizirame,seuste ne ima nas dobrite momci,i se uste ima fini zeni…..
Многу од ова што си го напишал е вистина….за жал такви се девојките во денешно време, иако сум женско не се срамам да признаам. Но еве во кратки црти ќе ти раскажам и јас една приказна за да сфатиш дека и џентлмените веќе не се она што некогаш биле или според мене сега се ” нашминкани” џентлмени. Пред некоја година, излезени со другарките во една од локалниве дискотеки ни се приближи една група од дечковци, отприлика исто толку колку што и ние бевме девојчиња. Едниот и се обрати на другарка ми а таа пак јавно го изигнорира и пред сите мафна со раката во стилот како не ми се обраќај….мене тоа воопшто не ми се допадна и одлучив да бидам пријателски настроена спрема момците….им се насмеав и со поглед им дозволив да ни се придружат….бидејќи веќе имаа “дозвола”, другаркиве некако се опуштија и почнаа да си комуницираат и да се запознава меѓусебно, па да ги частат пијачки, да им се прават џентлмени и тн. Што дознав на крај од целава приказна беше дека момциве откако си “‘ќариле” по некоја од другаркиве успеале за мене да кажат зад грб дека сум била веројатно лесна девојка и девојка која што сака да ја контролира секоја ситуација (а тоа наводно дошло од фактот што јас сум им дала дозвола да се запознаеме) и дека воопшто не им се допаѓа слободата која што сум ја имала бидејќи според нив асоцира на девојка која секоја вечер завршува со различен дечко. Бев многу засрамена од целиот тој муабет и оттогаш па наваму не сакам да се запознавам со никого само од таа причина…
Како што постои претпазливост кај машките, така и кај женските….не знаеш буквално на каков ќе налеташ….а кога збориме за отворање врата, помагање, цвеќе и такви ситници, тука строго апелирам само на одговор со насмевка, благодарам, убав гест, многу сум изненадена…..секој друг муабет е одвратен и според мене “сељачки”
Kolumnata na Eli, a i odgovorot na istata od Aleksandar imaat fakti i vistini koi sami posebno kazuvaat deka i dvete strani(mazi/zeni) se vo PRAVO. Drzejki se do istite i nemanjeto zelba za promena, tuku naprotiv odenjeto vo sosema sprotivna nasoka, ne mislam deka bi rezultiralo so nekakvi promeni, a so toa dzentlmeni, no i dami se pomalku, ZA ZAL!
O CHAJ NO….mn e losho napishan tekstov, poentive slabo si gi dolovil…nishto mazi na site vi fali vojska, dosta plachete
Се согласувам со сите коментари и навистина не очекував толку опфатни одговори на мојата прва статија. Како што напоменав во текстот добро е да девојките во што помал број се пронајдат во текстов, а мажите да ги отворат очите пред да пробаат да бидат џентлмени. Се согласувам дека темава е комлексна и не сите би се согласиле со моите коментари, но голем поздрав до Наско кој со две реченици буквално го објасни мојот текст -„…dzentlmenite odletaa vo nepovrat kade sho i odletaa i vistinskite moralni kvaliteti na edna devojka ili zena. Ne baraj sovrshenstvo bidejki i samiot ti ne si sovrshen.“. Благодарам на коментарите и се надевам дека ова ќе претставува стимул за мое понатамошно објавување. Благодарнст и до тимот на Кафепауза за објавувањето на мојата прва статија.
lele te molam ne objavuvaj povekje statii
За жал статијава е точна, но не за се што спаѓа во женски род. Јас сметам дека постојат џентелмени затоа што и нависта постојат. Секој маж што влегол во мојот живот бил прекрасен, нежен дури и романтичен (а сите велат дека тоа непостои) . И да за тоа сум била заслужна јас затоа што јас сум се однесувала културно и пред се НОРМАЛНО ! Никогаш не сум се преправала за нешто и сум разговарала со секого на НОРМАЛЕН начин, а не како јас да доваѓам кој знае од какво место или семејство, а сум можела да го правам тоа. Ама ете не сум таква и едноставно можеби Бог ми праќа само такви прекрасни луѓе и за пријатели и за нешто повеќе од пријатели !
Женско сум, но овој пат ги критикувам жените затоа што, што сееш тоа и си жнееш ! ♥
Текстов е бла бла бла .. -.- Од секогаш ѓи имало и ќе има вакви луѓе … Постојат и денес вистински дами и џентлмени, само работата е да знаеш да ги видиш, да ги препознаеш.