Глупостите на новото време – или зошто ми се смачи од Бредшо
Ако размислите подобро, Кери Бредшо си има проблеми. Ама ич не ѝ е лесно. Како прво и основно, нема доволно место во својот плакар за сите пара чевли што ги поседува. Работи како колумнист, и со таа работа успева да го покрие живеењето во Њујорк, скапата брендирана облека, како и купишта штикли Маноло Бланик. Животот кон неа е толку нефер, што не може на раат да си се гледа со својот бивш, кој патем е женет. Подоцна, мора да се справи со лудо богатиот руски уметник кој упорно ѝ нуди луксузен живот во Париз (како не му е срам)! За тука да не биде крајот, таа е скоро секогаш заглавена во љубовен триаголник меѓу двајца прекрасни (често и многу богати) мажи. Лудило.
Живееме во време на испрани мозоци. Младината се огледува на некои старлети кои поставуваат вакви стандарди:
- Најдобрата работа на свет е да си славен бидејќи си познат.
- Твојата свадба треба да биде раскошна и скапа, не е важно ако бракот после ти трае цели 72 дена.
- Цел во животот треба да ти биде да ја држиш јавноста „гладна“ за секакви детали за твојот живот – каде си, што правиш, што јадеш, како си облечен, колку глупости си направил/а во изминатото деноноќие.
- Ако немаш никаков талент едноставно привлекувај внимание кон себе, којзнае, можеби еден ден некој ќе те забележи и ќе станеш познат.
- Вистинските вредности во животот се: скапи одмори, луксузен накит и брендирана облека.
- Твоите доблести се: деколте, задник, нозе, способноста да направиш секс снимка.
Секојдневно сме изложени на секакво медиумско влијание, а пак медиумите ни малку не доцнат со тазе свежи и воглавно небитни информации. Младино повели, живеј нормално! Восхитувај се на личности со пилешки мозок. Немојте случајно да сте потрошиле пари на книга, вистинска инвестиција се гаќи, на пример.
Живееме во време кога 12–годишници се ослободуваат од часови за да се сликаат во веце со нивниот ајфон. Кога „пријателите“ редовно нè информираат каде се и што јадат. Кога новопечената мајка го апдејтува својот Фејсбук профил 5 минути по породувањето. Кога ќе видам слика од 5-годишно црнче од Етиопија со подуено стомаче и слаби рачиња, и кога ќе се вратам во виртуелниот свет на ФБ и ќе видам како некој постирал слика од својата салата или пица, ми иде да го најдам кај и да е и да го задавам. Во ред е, знаеме дека јадете и пиете. И останатите го прават истото, само не чувствуваат потреба да се фалат.
Не, не сум ни јас совршена. Па човек сум на крајот на краиштата. И мене ме скокотка стомакот од среќа кога ќе си купам ново парче облека. И јас понекогаш од досада ќе пуштам Sex and the City или ќе отворам да видам што има ново во таблоидите. Само држете се до некоја нормала (ако веќе сосем не е избришана). Гледајте да не им се препуштите на глупостите на модерниот свет, барем не целосно. Сфатете дека сите романтични ликови и ријалити ѕвезди постојат за да го забавуваат народот. Дека тоа е нивната работа, улогата која ја играат оти за друго не се способни.
И за крај. Можеби на 20-и-нешто години, нема да живеете во луксузен стан со работа од соништата и плакар од кој боли глава. Можеби за вас нема да се тепаат 3-4 јаки батки со полни џебови и клучеви од црна мечка. Ама пак ќе бидете среќни.
Ели
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Daj smeni druga tema te molam,prestani veke da go kritikuvas vremeto vo koe ziveeme,ako si ti razocarana od batka so crna mecka,ne mora da se site.golem pozdrav
Sex and the City e serija, a Carrie Bradshaw e izmislen lik i mislam deka nema potreba da ja stavas vo ist kosh so deneshnive starleti, poshto e isto tolku dobra i izmislena kolku i likovite od dobrite romani koi ti gi citas 🙂
Akcentot e na vlijanieto na idealiziranite likovi. Voopsto nema sporedba na ednite so drugite. I nema vrska dali likovite se izmisleni ili se likovi od realnosta koi poveke glumat i od glumcite. Poentata e kakvi vrednosti i stavovi tie ni prezentiraat i kolku nie sme podlozni na “goltanje” na takvata slika.
Zalosno e sto ne ste ja sfatile poentata.
Едно време кафепауза имаше топ колумнички а не вакви патетични, so not out of the box муабети. Сите сме свесни за ‘новото време’ и секој сам одлучува кои вредности ќе ги вреднува. Сигурно нема бедниов текст да ја просветли некоја девојка што има испревртени вредности.
Shto hejtate bre tolku!! nekoj vi ja navredi omilenata starleta ili nacinot na fejsbuk zivot? ocigledno ve pogodila dobro, simnuvam kapa
За што хејтаме?
Не хејтаме, туку се смееме на текстов што е очегледно напишан од човек што дреме на фејсбук и се нервира кога нејзините пријатели споделуваат се и сешто.. а ако ништо друго мислам, алоо? Сексот и градот?!? Wtf!
Со вакви мизерни текстови колку тоа ние живееме у лошо време ништо не праиме. Клише.
Sex an the city e teshka gluposhtina, da se razbereme! Ne znam dali e bash pozelno devojcicive da go gledaat. Strashna gomnarija.
Дали е пожелно или не, сами си знаат. Најмногу ми се допадна моментот кога зборува дека секој сака да биде колумнист. Стави се девојче и ти во тој кош и остави ги сите да гледаат што сакаат. Филмовите и сериите се доста дискутабилна тема, па поради тоа не треба да се земаат како инспирација за да треснеш како од ракав некоја колумна.
Леле девојче уште ли Сексот и градот ти е неисцрпна тема и инспирација? И себе си се опишуваш како човек што размислува „надвор од кутијата„???
sakam kazam , neznam recam ste!
Особено ова -” ми иде да го најдам кај и да е и да го задавам “
Еј да да, хахаха, коментариве се очигледно подобри од колумнава, со извинение на вљубеникот во розовата боја… и Црнчето од Етиопија…
😉
Прашање:дали откако ги истуривте сите фрустрации и комплекси преку ваквите бедни коментари се чувствувате подоброза себе? Ако е така тогаш браво за вас.
П.С. зад добриот коњ прашина се крева
ајт поздрав!
И позади ‘познатиот’ ни наш ‘колумнист’ Саше политико се дига прашина па не е ништо друго освен коњ. Поздрав и до тебе 😉
a devojkata koja pluka i koja od dosada gleda “sex and the city” ima nova kolumna so nezaboravni citati od samantha od istoimenata serija 🙂
A ti pravis razlika megju kolumna i drug tip na post? A megju Bredsho i Samanta? Of Boze….
Моментот на целава колумна е што деталите изјавени во истата покажуваат дека тоа по што плука колумнисткава (што незнам по кои принципи мисли дека размислува ‘out of the box’) истото таа го прави. Можеби и се смачило од Бредшо зошто очигледно премногу и обрнала внимание :).