Едно сонце сите нас нè грее
Во последно време размислувам за разликите меѓу нас луѓето. Сите различно скроени, секој од нас со својата приказна, свои грижи и радости. И да, признавам и порано сум размислувала на оваа тема, ама сум велела не вака не онака, сум се премислувала, сум чкртала листови па сум ја одлагала и одлагала, но еве, сега ви велам, ќе зборувам за хомосексуалноста.
Ако мене ми требаше толку време за конечно да седнам, да размислам добро на темава и да ја разработам, тогаш што остана за оној кој треба да собере храброст и да каже дека е поразличен од другите?
Пробувам да се ставам во нивна кожа, во кожата на нивните најблиски, нели да го имам секое можно гледиште, да бидам објективна, да сфатам зошто се крева прашина околу геј парадите и знамињата со виножито… и мислам дека макар во моите мисли си ја составив сложувалката.
Ние луѓето во принцип сме многу „слободоумни“. Прифаќаме, само потајно се молиме такво нешто да не се појави во нашиот дом. Демек нека си постои ама нека е што подалеку од мене. Но не е, кога ќе размислиш подобро светов е огромен, ама истото сонце сите нè грее. Тоа може да биде ваш пријател или пријателка, роднина, сестра или брат, комшија или колешка… Може таа личност, навидум толку блиску до вас, а всушност толку далечна, да се мачи со триста демони во себе за да си го најде мирот, да се бори а да не успева, да се затвора во себе сè повеќе и повеќе…
Настрана од тие што се декларираат како геј за пари, слава, внимание, за инает на општеството оти се „несфатени“, за разни пропаганди… постојат луѓе кои навистина се такви. Што имам јас да речам на тоа? Без цензура, гонете ги сите и бидете си свои! Да, најискрено го мислам ова. Луѓе кои ќе ве гледаат надмено, кои ќе ве озборуваат, критикуваат или потценуваат, секогаш ќе има, та сте биле вие стрејт та сте биле геј, сеедно. На нашава нација омилено хоби ѝ е плукање и критикување, сè со цел за да си гледаме што подалеку од сопствените дворови.
Најчесто поставуваното прашање – ако ги поддржуваш толку, ај да те видам што ќе правиш ако во иднина син ти ти рече мамо јас сум геј? Биди ми среќен, тоа мене ми е најважно. Зошто би му наметнала да живее живот без среќа, без исполнетост? Да биде приморан да дели кревет со жена ако не чувствува љубов? Само за да го задоволам општеството? Луѓето кои посекако не им е вистински грижа за тебе? Не! Секој да си ја затвори устата, да си ги гледа своите грижи, да ги остави луѓето да си бидат тоа што сакаат. И да, по можност ќе му речам бегај од Балканов.
И моето мислење на темава било поделено, но не повеќе откако прочитав вистинска приказна за еден хомосексуалец кој како тинејџер во повеќе наврати пробал да се убие поради тоа што бил различен. Немам веќе поделено мислење откако имав и јас блиско искуство со таков човек. Не, сега ми е јасно. Пуштете ги луѓето да си живеат. Од каде ви е вам правото да им наметнувате огорченост и срам, сте се погледнале во огледало?
Кај нашите северни соседи на тие геј паради се јаде ќотек. Мислам, од цел Балкан тие се баш во центарот, баш Балканци. И баш ме интересира, за оние што пишуваат крајно хејтерски и крајно безобразни коментари на интернет од типот „пед*р еден да ти не-знам-таму-што“, ако ти му го направиш тоа нему, тогаш тоа што те прави тебе? Иронијата на простата раја. Ќе исплукаш, навредиш, повредиш физички и психички за ти да се чувствуваш поголем маж? Извини, ама во тој случај ти не си воопшто „маж“… па што и веќе да значи овој поим во новиов век, веќе не следам дефиниции.
Да се осудуваат педофилите, оние кои си ги задоволуваат своите сексуални нагони со животни и што ли уште не, во ред, разбирам, а и психологијата не е мое поле за да навлегувам таму. Но зошто толкава прашина околу хомосексуалноста? Јас разбирам дека сме си Балканци, дека бракот е единство на двајца од различен пол, дека природата налага тоа и тоа… Но колку луѓето околу вас навистина се нормални? Всушност здравиот разум во денешно време е стварно дискутабилна тема.
Постојат луѓе кои навидум се во ред, седат со вас и пијат кафе и си муабетите. Тие може да се убијци, силувачи, луѓе со настрани сексуални нагони… Ама тој што јавно се декларира себеси како геј е предмет на исмејување. Пред неколку години чув за многу гаден случај. Женет човек со деца заведувал малечки момчиња, другарчиња на син му. Ете пак ми се превртува во стомакот, и пак нè води до прашањето кој колку е „нормален“? Јас гарантирам дека ако двајца хомосексуалци посвојат детенце ќе нема позгрижено и посакано суштество од него.
Ќе речете чекај стоп, ќе му се смејат на училиште, ќе му речат ти имаш двајца татковци или две мајки. Да, ама ќе му се смејат и ако е слабо, кревко, или пак многу крупно, клемпаво, ќелаво… Просто луѓето се такви. На многумина им се смееле па истите тие исмејувани по 10 години им ги затвориле муцките.
Бидете тоа што сте, бидете тоа што сакате, живејте како сакате, сè додека не повредувате никого и не им мислите лошо на луѓето. Тоа е ваш сопствен избор и одете гордо. Прекрасни сте и покажете што сте и што умеете. Има за секој сродна душа, некој кој одвај чека да биде пронајден од вас. Ако општеството ве исмева, вие бидете мотивирани да се борите уште посилно, уште појако, да се трудите и да покажете кои сте. Сите ние имаме мани и баш како што пишува и во Библијата, нека фрли камен оној кој е без грев.
Ели
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Никој не вели дека ние не сме различни, апсолутно дека сме, сите не грее исто сонце и сите имаме душа. Но не е во тоа проблемот, проблемот се однесува на тоа што хомосексуалноста во денешно време се гледа како нешто нормално , нешто што треба да го прифатиме. Тоа е болест, една изветопереност на човечкиот ум што треба да се лекува, а не да се третира сосем нормално. Но тоа е, Западот ни наметнува дека овие луѓе заслужуваат почит, а единствено нешто што заслужуваат се терапии.
@ Wedco
Стварно не си ја сфатил/а поентава на колумнава.
Не мораш да го прифариш тоа… само не стигматизирај…
Ништо не ти прават тебе лично нели?
Само егзистираат на различен начин..
Зошто секогаш некој што живее на различен начин е болен нездрав и сл..
Па веројатно имаме право на избор.. избор како ке го живееме својот живот.. или немаме?
Нели основните права се право на живот избор и слобода?
(y) Big Like za muabetot <3
Хомосексуалци постоеле и ќе постојат.
Клучното прашање е како општеството се справува, односно како ja третира оваa проблематика.
Моето мислење е следното:
Прво, Хомосексуалците не треба да се дискриминираат затоа што се хомосексуалци. Тие треба да ги уживаат истите права како и секое човечко суштество (но не и право на брак и посвојување деца) и не треба да бидат осудувани или стигматизирани од средината. Тие треба да се разберат и да се прифатат како дел од ова општество.
Сепак, сосема е погрешно да се промовира хомосексуалноста како нормална појава. Не е болест, исто така човек сам не избира дали ќе е геј или не , но НИКАКО не смее да тоа се третира како нормална секојдневна појава и да се промовира по медиуми. Која е причината за тоа?
Денешното општество почива на семејството како најмала општествена клетка. Без репродуктивната и општествената функција на семејството човештвото ќе немало и ќе нема иднина. Здравите единки спремни да се носат со предизвиците на модерното општество (најчесто) произлегуваат од здрави и функционални семејства. Или обратно, општествените изроди (убијци, педофили, криминалци, социопати и сл.) најчесто живееле во разнебитени семејства. Е сега, хомосексуалноста не е најголемата опасност за семејството како здрава и функционална средина но е сериозна опасност и како таква треба соодветно да се третира.
Од тие причини треба да се елиминира промовирањето на хомосексуалноста како нормална појава, а освен тоа потребно е да се внимава за да се спречат суптилните и директните обиди на хомосексуалните лоби групи да влијаат врз сексуалната ориентација на идните поколенија. Најдрастичен ваков пример е детската емисија Телетабиси која ги таргетира децата во периодот кога се креира нивната ориентација односно од 3 до 6 години. Впрочем во некои земји е и забранета оваа „детска“ серија.
Прво велиш не може да се одбере дали ќе си геј или не оти е вродено, после велиш семејството почива врз традиционалните вредности итн итн па затоа не треба да им се дава значење на телевизија. Значи стравот ти е дека стрејт дечките ќе се „попедерчат“ ако им се обрнува повеќе внимание на ЛГБТ или едноставно сакаш ЛГБТ да стапат во брак со лица од различен пол и да основаат семејства само за да опстане нацијата?
Океј, не ги подржувам. Никогаш не би ги нарекла хомосексуалци. Они се за мене педери/лезбејки.Исто како и со провинцијалците.Никогаш не сум ги навредила, само тоа е израз за луѓе шро живеат надвор од главниот град и не глеам никаква причина да се навредуваат со тие поими кога они се тоа, чао бре пријатно, јас да се устручавам да не ги навредам за нешто што се. Во ниеден случај не сум ги дискриминирала и сум поминала доста време во нивно друштво. Они се битиа, како и сите нас. Ги има и лоши и добри и секакви како и сите останати. Не сакам да бидам ни јас дискриминирана поради тоа што не ги подржувам, бидејќи тоа е мое право како и вашето да ги подржувате. Ќе кажат ‘они се добри луќе’, аха ние сите олоши стрејт па сега они се добри. Ало бре и кај нив има никакви, изветоперени, злобни. Не негирам дека има и добри, мили и грижливи. Во случај моето дете да е геј, тоа е, живот. Според мене тоа е неприфатливо, ама јас не можам да одлучувам за неговиот живот како што и моите родители никогаш не донеле одлука во мое име. Баш ‘Биди ми живо и здраво’. Посебни права? Кој си бре ти да бараш посебни права? А јас? Еве да земам да направам еден тон флаери да излезам на трибина да соберам стрејт и да барам посебни права? Ма даааај! ЛГБТ е најголемо алиби и пропусница во светот, а зошто? Сите ние што не ги подржуваме не сме доволно квалификувани како тие што ги подржуваат? Сами сакаат да си бидат посебни, како ќе се поставиш таков и фидбек ќе добиеш. Нека не бараат сите да ги сакаат, ниту мене, ниту тебе не те сакаат сите и доста со сите тие тужби за навреда као ние никогаш да не сме биле навредени па ќе се тужиме со кој стигнеме. Ете од тоа си патиме. Бидете ми поздравени и се надевам дека ќе ме разбрете.
Не се бараат посебни права туку исти права: права што ги имаат брачните другари како здравствено осигурување, право да го посетиш партнерот во болница (скраја да е) затоа што како што е сега само поблиското семејство е привилегирано за тоа, потоа имаме право на пензија доколку партнерот почине од старост и сл. Никој не бара „посебни“ вонземски права туку еднакви права. Доколку не може брак по никоја цена барем некоја заедница слична на неа која ќе ги гарантира тие права. Па и не сите хетеро двојки сакаат брак, може и тие ќе имаат придобивка од ваквата заедница.
@wedco: Зошто болест? Какво лекување? Лекување по манастири? Лекување заради тоа што во една книга стара 2000 години така пишува? Лекување од страна на најизопачената институција во светот што до пред неколку години палеше живи луѓе по плоштади заради тоа што не се сложуваа дека земјата е рамна плоча што ја држат китови?
@Mashila: Кои се тоа посебни права? Бракот е основно право. Никоја ЛГБТ организација не бара ништо посебно. Само еднаквост.
И ве молам не користете коментари од типот: што ако педофилите и слични почнат да бараат права? Не мешајте баби и жаби ве молам. Хомосексуалната личност не повредува никого ако е во доброволна врска со друга личност. Педофилот повредува дете. Тука има огромна разлика.
STO E OVA
jAS SUM MAZ ZALJUBEN SUM VO MAZ I TOJ E ZALJUBEN VO MENE.
STO I FALI NA NASATA LJUBOV.NEKOI OD VAS NEMAAT POIM
KAKO IZGLEDA TAA LJUBOV I SAMO JA ISFRLAAT NEGATIVNATA ENERGIJA KOGA KE NACEKAAT PROSTOR ZA TOA.
ELI BRAVO ZA KOLUMNAVA.KOGA GLEDAM DEKA POSTOJAT LICNOSTI SO VAKVI RAZMISLUVANJA SIGUREN SUM DEKA EDEN DEN KE BIDEME RAZBRANI I VO OVAA SREDINA.
Samo da izrazam podrska… mnogu malku se licnostite na balkanov koi bi kazale deka sakaat nekoj od ist pol. Ljubov e ljubov… (ne e ogranicena vo tie granici vo koi ja postavuvaat povejketo)
Epa krijaj se, oti ako te razberat ke bidis zapalen na plostad hahah
По толку прочитани коментари полни со омраза на оваа тема решив да почнам да пишувам блог кој се надевам барем малце ќе ве информира!
http://abouttherainbow.wordpress.com/
Најинтересно е кога човек ќе сфати колкупати во историјата се обидувале да ја сузбијат оваа „појава“ како нешто страно и дегенерично. И што е иронично обично луѓето што имале најрадикални ставови и биле хомофобични имале деца што се такви. Интересен е коментарот на погорните постови —Тие треба да ги уживаат истите права како и секое човечко суштество (но не и право на брак и посвојување деца)—.. Кој цинизам и квази-хуманизам. Тоа ти е исто како да кажеш ТИЕ (оние другите различните) имаат право на здраствено осигурување но НЕ кога се однесува на сидата и СТД. Или имаат право на паркинг но НЕ со ауди возила 🙂
Ne izbiras dali si homoseksualec ili strejt, ednostavno se ragas takov. Ljubovta ne e bolest, nitu opstestvena devijacija, nitu nesto sto treba da se leci.
Ели (y) Браво за тоа што си седнала и си размислила, ете до негде и животот ти дал прилика со темава… ГОлемо Браво што си седнала и си размислиа, многу ми се бендисува начинот на кој ја нипиша колумнава (Y)
Уште еднаш браво, среќни се луѓето живеат и ќе живеат околу и со тебе :-*