Започна гласањето за книга на годината: Reader’s Choice Book Awards! (има и награди!)
Наградите Книга на годината се нешто што отсекогаш недостасуваше на македонската книжевна сцена. Избор на најпопуларните, најбараните, најпродаваните, најсподелуваните, најпрепорачуваните книги во земјата во текот на изминатата година.
МОЖНОСТ ЗА НАГРАДА!
Одличен GIVEAWAY во соработка со Reader’s Choice Book Awards. 📚
Доделуваме 3 книги чии наслови се во трка за награда…
Posted by Кафе пауза on Tuesday, 10 November 2020
Македонските издавачи секоја година преведуваат и издаваат куп книги, книжарниците се преполни, читателите секогаш се во потрага по следната книга што „не смее да се пропушти“, секогаш следат странски избори и награди… Како да знаеме што е навистина добро, што навистина вреди? Како да ги сумираме сите оние рецензии, мислења, препораки и рејтинзи кои македонските читатели на големо ги споделуваат по социјалните медиуми, блоговите, сајтовите, дигиталните книжарници…?
Конечно го имаме првиот Избор на книга кој на едно место ќе ги собере сите најдобри (и домашни, и странски) книги издадени кај нас во текот на изминатата година. И тоа избор во кој главниот глас го има најважната комисија на светот, а тоа се ЧИТАТЕЛИТЕ.
Изборот се одвива онлајн на www.kniganagodinata.mk и секој читател може да гласа по еднаш, за својата омилена книга, во секоја од деветте категории (трилери, романси, историски драми, женска фикција, домашни автори, young adult, нефикција, поезија, детски книги и сликовници). Оваа година во трката за книга на годината има изданија на петнаесетина издавачки куќи: Сакам Книги, Три, Антолог, Култура, Арс Ламина, Топер, Или Или, Бегемот, Бата Прес, Пнв Публикации, Прозарт Медиа, Полица, Арт Студио Батев, Матица, а веќе е отпочнат прием на нови номинации за следната година и секој заинтересиран издавач може да достави свои предлог номинации.
Во рамки на Reader’s Choice Book Awards има огромни дарувања и секој кој ќе гласа станува потенцијален добитник на пакет книги. Гласањето започнува на 10.11.2020, а ќе трае до 20.11.2020.