Забавни и лесни за читање книги кои се совршени за ова лето

Забавни и лесни за читање книги кои се совршени за ова лето

Летото е тука и редно време е да се одморите од сите работни обврски кои сте ги имале во текот на годината. Каде и да летувате, не заборавајте дека сега конечно имате повеќе време за себе и за оние активности кои со задоволство би ги правеле доколку не сте презафатени. Па, доколку читањето е една од нив, ние имаме одлични предлози за вас, книги со кои максимално ќе уживате ова лето!

Забавни книги кои треба да ги прочитате ова лето

1. „Сите твои совршености“ (All Your Perfects)

Колин Хувер е авторка која за многу кратко време ги освои симпатиите на оние читатели кои сакаат романтични книги, а многумина велат дека токму оваа емотивна приказна ѝ е најдобрата досега.

На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат оддалеченоста меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.

Забавни книги кои треба да ги прочитате ова лето

2. „Тајни на летната ноќ“ (Secrets Of a Summer Night)

„Тајни на летната ноќ“ претставува сè што треба да биде една добра историска романса, а Лиса Клејпас нѐ носи назад во времето на еден прекрасен начин.

Прекрасната Анабел Пејтон е горда девојка која би можела да бира од додворувачите, но само кога би имала мираз. Нејзиното семејство е многу сиромашно и постои само еден начин на кој Анабел би можела да им помогне на своите родители, а тоа е да се омажи за многу богат маж. За жал, никој од благородниците не сака жена без мираз, па нејзиниот најупорен додворувач е безобразниот Сајмон Хант, згоден и амбициозен претприемач кој ја сака само за љубовница.

Забавни книги кои треба да ги прочитате ова лето

3. „Коефициент на љубовта“ (The Kiss Quotient)

Доколку сте во потрага по забавна приказна која постојано ќе ви мами насмевки додека ја читате, „Коефициент на љубовта“ е книга за вас!

Стела Лејн верува дека математиката е она што го обединува целиот универзум. Но, оваа брилијантна статистичарка која знае сѐ за алгоритамите, не знае ништо за романтиката. Toa е така бидејќи има Аспергеров синдром, нешто што ѝ го отежнува љубовниот живот. Токму затоа Стела решава да ангажира професионалец што ќе ја научи сѐ што може да се научи за сексот и врските.

Забавни книги кои треба да ги прочитате ова лето

4. „Американски брак“ (An American Marriage)

„Американски брак“ е приказна за неправичноста на општеството кон Афроамериканците и за сите проблеми со кои се соочуваат тие. За жал, дури и во 21-от век.

Младиот брачен пар Рој и Селестијал се олицетворение на американскиот сон. Тој е млад извршен директор, а таа е уметник која е на почетокот на една успешна кариера. Но, како што се привикнуваат на нивниот заеднички живот, нив ги раздвојува една ужасна неправда – Рој е уапсен за дело што не го извршил.

Забавни книги кои треба да ги прочитате ова лето

5. „Becoming: Мојата приказна“ (Becoming)

Интимен, моќен и инспиративен мемоар на Мишел Обама, жената која е вистински идол на многу жени ширум светот.

Како прва дама на Соединетите Американски Држави, сопруга на првиот Афроамериканец кој се најде на претседателската позиција, таа помогна да се создаде најдобрата Бела куќа во досегашната историја. Исто така, таа беше голем поборник за правата на жените и активен хуманитарец, менувајќи ги од корен начините на кои државата им помага на своите граѓани. Таа гордо стоеше до својот сопруг за време на најтешките моменти, а со својата харизма ги освои срцата на сите Американци. Па, како Мишел Обама стана онаа Мишел Обама која сите ја сакаме? Дознајте сами преку нејзините зборови.

Забавни книги кои треба да ги прочитате ова лето

6. „Е, баш ме заболе“ (The Subtle Art of Not Giving a F*ck)

Да се живее по свое е вистинска уметност, а токму тоа го порачува и Марк Менсон, авторот на оваа книга. Доколку ви треба нешто што ќе ве „бутне“ кон подобро секојдневие, оваа мала книга од 208 страници ќе ви биде од голема помош.

Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“.

Забавни книги кои треба да ги прочитате ова лето


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар