Вкусете го светот преку водичот за гастрономски авантуристи

Вкусете го светот преку водичот за гастрономски авантуристи

Покрај откривањето нови места и култури, еден од најинтересните аспекти на патувањето е и храната. Без разлика дали јадете риба покрај плажа, во луксузен ресторан со автентична национална кујна, или пак сте налетале на улична храна во доцните ноќни часови, факт е дека храната што ја јадете има влијание врз вашиот стомак, искуство и живот.

Вкусете го светот преку водичот за гастрономски авантуристи

Потребата за храна е една од најосновните човекови потреби и е тоа што нè поврзува сите. Во доба на социјални мрежи, повеќе од било кога, луѓето се желни да ги споделат своите гастрономски искуства. Така, тим од писатели, уметници, уредници и туристички водичи дошол до идеја да го водат веб-порталот Gastro Obscura, посветен на сè што е поврзано со храна.

Овој веб-портал нуди разноразни информации од типот како рецепти, туристички водичи онлајн курсеви и сè што има каква било поврзаност со културата и историјата на она што го јадеме и пиеме. Сите овие приказни се дел од неодамна објавената книга „Гастро опскура: Водич за гастрономски авантуристи“.

Вкусете го светот преку водичот за гастрономски авантуристи

Оваа книга ги носи читателите на пат околу светот преку неговите вкусови, прикажувајќи ја разновидноста на храната во светски рамки. Водичот изобилува со рецепти (прикажани се околу 500 јадења) и кулинарски традиции од цел свет. За сечиј вкус има по нешто. Дел од рецептите се со стара традиција, пренесувани од генерација на генерација, додека други рецепти се модерни верзии на застарени рецепти, слично на она што го јадеме денес. Тука се и прилозите на писателката и романсиерка Сесили Вонг, ко-основачот на Атлас Опскура, Дилан Турас, како и целиот тим на Gastro Obscura и тим на фриленс писатели. Книгата е одлична можност да ги запознаете другите култури преку нивните кулинарски специјалитети и изобилува со шарени фотографии како и занимливи податоци. На вас само останува изборот за денешното мени.

Откако ја прочитавте нашата препорака за гастрономски водич, можеби ќе ве интересира и да ги запознаете најпознатите кујни во светот.

Извор: mymodernmet.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар