Викенд книга: „Совршено несовршен пар“ – Сузан Елизабет Филипс
Тој ја бара совршената жена… Таа е сè само совршена не.
Наша оцена: 6/10
Ваша оцена:
Уште една откачена романтична комедија на Сузан Елизабет Филипс. Ни се допаѓаат нејзините наслови и продолжуваме да ги одбираме и рецензираме. Се надеваме дека сте расположени за уште едно лудо, романтично и комично возење. После „Сонувај малку“, најновиот македонски превод на Филипс е пред вас, па се надеваме дека ќе уживате во „Совршено несовршен пар“.
Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги
Хит Шампион (како и да ви звучи неговото име), минал низ тешко детство и апсолутно го заслужува секој успех кој го кити во животот. Но, има еден голем проблем. Животот со татко пијаница оставил длабоки траги кај Хит и сега тој има голем проблем при емоционалното поврзување со луѓето. Решен дека мора да се скраси на едно место и да си најде сопруга, тој најмува агенција која треба да му најде добра сопруга, соодветна да го носи името Шампион. Па, не е шега, тој е најпознатиот, најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот.
Токму тогаш на сцена настапува Анабел, симпатична црвенокоса девојка на која навистина ѝ е смачено да се чувствува како единствениот губитник во звучното семејство на банкари и доктори. Желна да го преземе бизнисот од нејзината покојна баба, Анабел е решена нејзината агенција за наоѓање партнери да стане успешна и позната. Токму поради тоа знае точно каде да „нападне“, па упаѓа во канцеларијата на Хит убедувајќи го да ѝ даде шанса за да го запознае со совршената жена за него.
Се разбира, работите тука почнуваат ужасно да се комплицираат и заплеткуваат. Анабел е сè само совршена не. Всушност таа е повеќе како катастрофа во движење. Но, по толку неуспешни обиди да си најде жена, Хит почнува да се прашува, колку совршена треба да биде неговата жена?
Книгата е лесна, забавна, ќе ве расположи, ќе ја прочитате за ден или два. Мора да спомнам дека на моменти делува филмски и е доста предвидлива. Сепак, тоа не ме спречи да уживам, да заборавам на моменталните грижи и обврски и да навивам Хит конечно да си најде жена бидејќи станува напорен со неговите барања! 🙂
За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 30 ноември 2014.
Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.
#СакамКнигаОдСакамКниги
#СакамКнигаОдСакамКниги
Книгава сакам да ја имам бидејќи мислам дека е доказ за тоа колку само не треба да бидеш совршен за да бидеш доволно добар за некого 🙂 Едноставно, тие, несовршено совршени во несовршен пар 🙂
koj e izbran 😀 ?
Има уште една недела 🙂
koj ja dobi knigata? 😀
Ќе видиме во недела 🙂
Koi se dobitnicite? 🙂
Pisete dobitnici! 😀