Викенд книга: „Од љубов до омраза“ – Кристин Хигинс
Топла, забавна и духовита приказна во која за брзо ќе се вљубите…
Наша оцена: 6
Ваша оцена:
Од авторката на „Јас и ти“, „Од љубов до омраза“ е интересна, топла и духовита приказна во која лесно ќе се вљубите. Особено ќе ја сакаат помладите и тинејџерите, а секако дека би ја засакале и повозрасните кои се расположени за лесна литература.
Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги
Паркер Велс е писателка на позната серија детски книги, „Ангелчиња на ролери“, преку што самата авторка дава сатиричен осврт на една нејзина книга која била одбиена од нејзините издавачи. Паркер, која е самохрана мајка, иако заработува многу од популарноста на серијалот, парите ги дава во добротворни цели. Сега Паркер е ставена пред тежок тест – нејзиниот татко поради нелегални зделки го губи целото семејно богатство. Така Паркер ќе мора да се упати кон заливот Гидеон за да продаде полураспадната колиба. За помош, татко ѝ го испраќа неговиот потрчко, адвокатот Џејмс, кого Паркер воопшто не го сака, дури и не го удостојува викајќи го по име, туку го нарекува Суштество Еден.
Лишена од богатството во кое дотогаш уживала, Перкер сега ќе мора сама да заработува за себе и за своето синче, па така се вработува во цвеќарница. Полека Паркер сфаќа дека може да имаш добар живот и без толкаво богатство, и секако, сфаќа дека Суштество Еден и не е толку лош човек кога подобро ќе го запознаеш.
Личната критика за оваа книга би била дека е забавна и топла книга која ќе ве опушти и насмее. Секако, не би можела да го изоставам фактот дека е премногу „филмска“ и предвидлива, а нејзините ликови се онаа класична комбинација од близу совршен маж и слатко несовршена хероина. Ликовите се доста добро изградени, дури може да се каже дека повеќе ќе уживате во ликовите отколку во самата приказна. Иако не сум ја прочитала „Јас и ти“, гледам дека ужива многу подобри критики од поновата книга на Хигинс. Воглавно би рекла дека она што ѝ недостига на книгата е повеќе тензија, проблеми и осврти кои нема да се разрешуваат така магично и совршено. Ако сте за лесна и љубовна книга, ова е тоа што го баравте.
За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 29 март 2015.
Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.
Кој е добитник на книгата??? 🙂