Викенд книга: „Мрачни места“ - Џилијан Флин

Викенд книга: „Мрачни места“ – Џилијан Флин

Дали можеме да се родиме лоши? Глупаво прашање, нормално дека не. Но, доколку ја прашате Либи Деј, таа ќе ви го каже токму спротивното.
Наша оценка: 8
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 9,25 од 10)
Loading...

Викенд книга: „Мрачни места“ - Џилијан Флин

Кога ја прочитав „Ејми ја нема“ си ветив дека ќе се потрудам и другите дела на Џилијан Флин кога-тогаш да се најдат во мои раце. Жената е едноставно генијална, па доколку сте љубители на добри трилери и мистерии не можете да погрешите со нејзините книги.

Дали можеме да се родиме лоши? Глупаво прашање, нормално дека не. Семејството, пријателите, општеството е она што ни помага да се изградиме, да формираме карактер, тие луѓе и институции нè учат што е добро или не и тие се оние кои понекогаш нè зезнуваат, па може да се случи да станеме „лоши“, нели? Но, доколку ја прашате Либи Деј ќе ви го каже токму спротивното:

„Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш со нога. До крвта на семејството Деј е. Нешто не е во ред со неа.“


Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам Книги


Но, Либи не е лоша. Напротив таа е жртва на морничава трагедија која го уништува нејзиното семејство и ја остава психички и физички осакатена за цел живот. Нејзината мајка и две сестри се брутално убиени кога Либи имала само 7 години, таа е единствената преживеана покрај нејзиниот брат кој е осуден на доживотна казна поради убиствата. Да, нејзиниот брат кој тогаш имал петнаесет години е убиецот и истиот тој лежи во затвор поради сведочењето на Либи која е сигурна дека го слушнала него во ходникот пред звукот на секирата и сачмарката. Либи има и татко, но тешко дека може да се смета за родителска фигура бидејќи не се грижи за своето сиромашно семејство пред убиствата, а уште помалку се грижи што се случува со Либи и Бен после трагедијата.

Либи денес има 24 години и сериозни психички последици од „таа ноќ“ како што е и очекувано. Пасивна, без волја за живот, со самоубиствени мисли, Либи во изминатите години живеела од фондот кој го креирале луѓето ширум светот кои сакале да ѝ помогнат. Нема работено ниту еден ден во животот па кога парите во тој фонд ќе се истрошат Либи едноставно не знае како да се грижи сама за себе. После убиствата Бен е автоматски осуден на доживотна казна, сите подразбираат дека сомнителниот тинејџер кој се поклонувал на ѓаволот си го искасапил семејството. Либи е убедена во истото и никогаш не оди во посета на нејзиниот брат. Но, кога ќе се соочи со финансиските проблеми, Либи наоѓа бизарна можност повторно да влече пари без да работи. Открива дека постои група на луѓе кои се опседнати со убиството на нејзиното семејство, убедени дека Бен е невин и подготвени да ѝ дадат пари за да почне да открива што се случило точно таа ноќ. Либи прифаќа.

Додека се запознаваме со оваа девојка денес, наизменично дознаваме што се случувало дента пред убиствата и тоа преку мислите на мајката Пети Деј и братот Бен. Станува збор за повеќечлено, сиромашно семејство кое крпи ден со ден, но во суштина односите помеѓу нив се прилично нормални. Бен е фрустриран тинејџер и во некоја фаза на слушање dead metal музика, самотник кој нема многу пријатели на училиште што се должи на неговата работа како чистач преку викендите, но и покрај сè ова, неговото однесување на почетокот не е ништо различно од она на неговите врсници. Каде тргнало толку погрешно?

Како што веројатно и самите забележувате, книгата е прилично депресивна, а ликовите се постојано опседнати со мрачни и лоши мисли. Џулијан Флин уште на почетокот ја убива надежта дека нешто сепак би можело да заврши позитивно и покрај ваква трагедија. Мислам дека поголем дел од ликовите во книгата се напишани според најгрдите примери на човештвото. Ми беше прилично тешко да се поврзам со кој било од ликовите, дури и со Либи Деј, која би требало да биде светла точка во целиот ужас, девојчето кое преживеало и кое има шанса за добар живот.

Искрено, кога веќе читам таков хорор во кој се убиени мајка и две малечки девојчиња со секира и сачмарка, па уште и детално е опишана секоја сцена, веројатно би очекувала солиден заплет и вистинско откровение кога ќе дознаам кој е убиецот. За мене, лагата врз која е изградена оваа приказна беше премногу болна и нефер, но некои од вас можеби тука ќе ја пронајдат смислата на книгата. Како и да е, можеби на вакви дела им треба повеќе време за да легнат, а јас уште сум во фазата кога рипам на секој звук во станот и страв ми е да си одам дома сама, 🙂 што горе-долу е ефект што сакате да го постигнете кога читате хорор или психолошки трилер, па верувам дека Џилијан Флин во тој дел и овој пат си ја заврши работата.

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до сабота, 7 февруари 2015.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Ангела Наумовска

  2. Кристина Стојановска Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  3. Simona Aleksova Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги Simona Aleksova

Остави коментар