Што чита Ема Вотсон? Дознајте кои се нејзините омилени книги и почнете со читање!
„Остатоците од денот“ од Казуо Ишигуро (The Remains od the Day)
Ема открила дека ова е една од нејзините омилени книги, бидејќи отворено зборува за последиците од дискрецијата.
„ГПЏ“ од Роалд Дал (The BFG)
Ема е емотивно приврзана за оваа книга, бидејќи нејзиниот татко ѝ ја читал кога била мала. Таа изјавила дека ги обожава книгите кои не се само прекрасни, туку содржат и сеќавања. Читањето книга која се заснова на сеќавања може да ве одведе на друго место и во друго време.
„Сенка на ветрот“ од Карлос Руиз Зафон (The Shadow of the Wind)
Во едно интервју од 2007 година, Ема открила дека „Сенка на ветрот“ е нејзината омилена книга.
Сите делови на „Хари Потер“ од Џ. К. Роулинг
Причината зошто овој наслов се наоѓа на нејзината листа со омилени книги е повеќе од очигледна. Таа ги има прочитано сите книги по најмалку 3 или 4 пати.