Проверете кои психолошки книги можат да ви го променат животот!
Дали во последно време чувствувате дека е време за промена во вашиот живот, но не знаете од каде да започнете? Можеби некоја од овие книги ќе ви помогне да го најдете одговорот!
1. „Хипотеза на среќата“ од Џонатан Хајд
Во оваа инспиративна книга, психологот Џонатан Хајд ги изнесува на виделина верувањата на предците и ги става под лупа на модерната наука. Книгата исто така нуди практични совети за среќата и нејзиното значење и како тивката околина, блиските односи и кратките патувања од дома до работа можат да имаат голем удел во неа.
2. „Сопнувајќи се на среќата“ од Даниел Гилберт
Даниел Гилберт е познат психолог кој направил многу интересни експерименти докажувајќи дека човечкиот ум е пристрасен. Во оваа книга авторот ни покажува дека како луѓе непрецизно проценуваме што нè правело среќни во минатото, што нè прави среќни во сегашноста и што ќе нè направи среќни во иднината. Според писателот, среќата има сосема мала врска со она што се случува во нашите животи; таа повеќе зависи од начинот на кој ги гледаме работите.
3. „Начин на размислување на победникот: Психологија на успехот“ од Керол Двек
Светски познатиот психолог од Стенфорд, Керол Двек, ни посочува дека нашите таленти и способности можат да ни донесат успех, но тоа зависи од начинот на кој ќе им пристапиме. Оваа книга дефинитивно ќе ви помогне да работите повеќе за да ги постигнете сите ваши цели.
4. „Психологија на влијанието. Како да научите да ги убедувате другите“ од Роберт Чалдини
Ова е класична книга која од психолошки аспект објаснува зошто луѓето велат „да“. Книгата е водич за 6-те универзални принципи кои можат да ви помогнат за да станете вешти во убедувањето, но и да се одбраните од туѓите убедувања.
5. „Размислување, брзо и бавно“ од Даниел Канеман
Даниел Канеман е израелски и американски научник и добитник на Нобеловата награда за економија. Неговата книга ќе ви помогне да разберете како луѓето размислуваат и како и зошто реагираат. Книгата нуди и многубројни објаснувања од аспект на психологијата, па така ќе разберете зошто ги правите работите на начинот на кој ги правите.
Откако ја прочитавте нашата листа со психолошки книги кои можат да ви го променат животот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 книги ќе ви помогнат да го подобрите расположението и начинот на размислување.
Извор: allwomenstalk.com