По една книга за секоја декада: Откријте што треба да читате според вашата возраст
Секој може да ја чита која било книга, во кое било време, но некои може најдобро да се доживеат на одредена годишна возраст. Ова најдобро го разбираат библиотекарите во одделот за читателски услуги при јавната библиотека во Њујорк. Погледнете кои книги тие ги препорачуваат за секоја декада од вашиот живот.
Од 0 до 9 години: Сликовници
Сликовниците се многу поучни и секоја сликовница пренесува различна порака која им помага на децата да научат многу животни лекции.
Од 10 до 19 години: „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ – Џуно Диаз (The Brief Wondrous Life of Oscar Wao)
Оскар е момче со прекумерна тежина кое живее во Њу Џерси и сака да биде писател. Библиотекарите ја препорачуваат оваа книга затоа што сметаат дека е идеална за периодот кога се формира личноста, бидејќи во нејзината суштина е приказната за еден млад човек кој се обидува да дознае како да живее во светот.
Од 20 до 29 години: „Аргонаути“ – Меги Нелсон (The Argonauts)
Ако тинејџерските години се наменети за експериментирање, дваесеттите се време за размислување. Во оваа книга која е мемоар за односите на Нелсон со трансексуалниот уметник Хари Доџ и семејството кое тие двајцата го започнуваат, таа дава многу мали увиди кон универзалните драми што се наоѓаат во сродството. Овој вид книга прави хаотичниот и нестабилен живот да изгледа малку понормален. Библиотекарите ја препорачуваат оваа книга токму затоа што зборува за семејството и за живеењето исполнет живот.
Од 30 до 39 години: „Обземени: Како да работите, да сакате и да се забавувате во времето кога никој нема време“ – Бриџит Шулт (Overwhelmed: Work, Love and Play When No One Has The Time)
Во времето кога многу луѓе ги израснуваат своите мали деца, истовремено одржувајќи рамнотежа во својата кариера, оваа книга дава многу одговори. Авторот ја прикажува приказната за сопствениот живот и за тоа како да ги елиминира лошите чувства. Шулт прикажува различни модели на работа ширум светот, а многу покажуваат дека долгите часови не ветуваат продуктивно извршување на работата. Библиотекарите ја препорачуваат оваа книга токму поради тоа што во овие години личностите се соочуваат со многу крајни рокови и планови што треба да ги исполнат.
Од 40 до 49 години: „Госпоѓа Даловеј“ – Вирџинија Вулф (Mrs. Dalloway)
Романот се одвива во еден ден, кога 50-годишната жена по има Клариса Даловеј погледнува наназад на својот живот и на изборите кои таа ги има направено, прашувајќи се за нејзиниот брак со Ричард Даловеј и замислувајќи си го животот што би го имала со старата љубов, Питер Волш. Библиотекарите ја препорачуваат оваа книга затоа што во оваа фаза многу често се согледуваат направените работи и избори во животот.
Погледнете ги препораките за останатите декади, на наредната страница…
Од приложеново се глeда дека авторот препорачува литература САМО на еден јазик и САМО една (западна) култура. Па, се прашувам: Дали авторката на памфлетот се труди да поработи на заробувањето на умот на потенцијалните читатели… или – едноставно – се работи за зaробен ум…