Овие книги ќе ви помогнат да бидете посамоуверени!
Се соочувате со ниска самодоверба? Еве кои книги можат да ви помогнат да бидете посамоуверени!
100 Начини за зголемување на вашата самодоверба – Бартон Голдсмит
За многумина, ова е една од најдобрите книги за самодоверба кои некогаш биле напишани. Прилично лесна за читање, таа е преполна со практични совети како да почнете да верувате во себе и како да станете личност чие мислење ќе се цени и почитува.
7 Навики на успешните луѓе – Стивен Р. Кови
Оваа неверојатно добра книга се смета за една од највлијателните книги. Се работи за моќен водич за самопомош бидејќи е добро напишан и е толку лесен за читање. Освен тоа, оваа книга може да им биде помош на сите за различни аспекти од животот, а не само професионалниот.
Разбудете го џинот во себе – Ентони Робинс
Се работи за една од најпродаваните книги за самопомош и мотивација. Книгата изобилува со техники и стратегии за самоподобрување кои ќе ви помогнат да станете личност каква што секогаш сте посакувале да бидете. Книгата содржи и совети за справување со емоциите кои ќе ви помогнат да ја преземете контролата врз вашиот живот.
Што ве спречува да бидете успешни? – Сем Хорн
Оваа книга е задолжително четиво за секој оној кој посакува да биде влијателен, без разлика дали се работи за професионалниот или приватниот живот. Благодарение на оваа книга ќе научите како да оставите добар впечаток, како да не се споредувате со другите и како никогаш повеќе да не се грижите за тоа што го велите.
Откако го прочитавте нашиот список со книги за самодоверба, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 книги ќе го променат вашиот поглед кон светот.
Извор: allwomenstalk.com