Омилените книги на најуспешните луѓе во современиот свет
Ви ги претставуваме книгите во кои најмногу уживаат Бил Гејтс и останатите светски магнати кои ја променија планетата. Книгите можат да бидат нашиот најголем пријател и поттик за нови чекори во животот. Во продолжение е листата на наслови кои претставуваат инспирација за најуспешните луѓе во светот како што се Бил Гејтс и директорите на Епл и Фејсбук.
Бил Гејтс: „Фрикономија“ и „СуперФрикономија“ (Стивен Левит и Стивен Дабнер)
Овие книги обезбедуваат нов пристап кон студиите по економија. Тие претставуваат навидум неповрзани појави и ги покажуваат нивните врски.
Во првата книга може да најдете необични теми како „Зошто дилерите на дрога живеат со своите мајки“, каде што се објаснува целата корпоративна структура на кралевите на дрогата, како и фактот дека просечен мал дилер кој оперира на аголот помеѓу две улици може да заработи повеќе ако работи во Мекдоналдс.
Другата книга исто така поседува низа необични теми како „Што е заедничко за проститутките и Дедо Мразовците од големите шопинг центри“?
„Навистина уживав додека ја читав првата книга, а сметам дека втората е уште подобра. Ја препорачувам на сите луѓе што не читаат фикција“, вели Гејтс.
Тим Кук: „Натпревар со времето“ (Џорџ Сталк)
Во оваа книга е претставена тезата која времето го додава на трите кризни фактори кога е во прашање конкурентноста на пазарот. Авторот наведува дека тоа е така затоа што промените се случуваат многу брзо, така што времето е навистина клучниот фактор кога станува збор за конкурентноста. Тим Кук, директорот на компанијата Епл, бил толку воодушевен од оваа книга, што секогаш ја препорачувал на сите и ги советувал вработените во компанијата да ја прочитаат.
Нил Деграс Тајсон: „Гуливеровите патувања“ (Џонатан Свифт)
Познатиот сатиричар од осумнаесеттиот век често ја критикувал Англија и егоистичните владетели кои управуваат со другите, тврдејќи дека тие се просветлени и поморални од останатите луѓе (што првенствено се однесувало на односот кон англиските колонии).
„Покрај останатите сатирични лекции, ќе научите дека луѓето во поголем дел од времето биле робови“, вели Тајсон.
Дастин Московиц: „Лесен Стартап“ (Ерик Риз)
Оваа книга предложува неколку начини како новите стартапи можат научно, ефикасно и брзо да ги тестираат своите иновации, така што времето и парите нема да бидат залудно потрошени. Предложените методи можат да се спроведат секаде, без разлика дали станува збор за соба во студентски дом или корпоративна сала за состаноци. Ова е одлична книга за младите претприемачи.
„Доколку би можеле да прочитате само една книга за стартап тогаш ова е книгата што дефинитивно ви треба. Целата оваа приказна говори за тестирање на идеите, хипотезите и најдобрите можни комбинации. Тоа е наука, а не казино“, вели Московиц.
Ворен Бафет: „Трчање во празно: Како демократите и републиканците ја банкротираат нашата иднина и што можат американците да направат во врска со тоа“ (Питер Питерсон)
Авторот на оваа книга секогаш пишува остри критики упатени кон сите политичари, кои повеќе се грижат за својата политичка иднина отколку за нештата за кои се избрани. Воведуваат големи даноци и донесуваат погрешни закони кои се штетни за идните генерации.
„Денес премногу клучни економски одлуки се донесени да влијаат на исходот од следните избори, а не на идните генерации“, вели Бафет.
Бил Гејтс: „Игра во ‘ржта“ (Џ. Д. Селинџер)
Станува збор за приказна за тинејџер кој е исфрлен од училиште и кој тргнува во потрага по своето „јас“. Случувањата во книгата се типични за шеесеттите години, но сè уште важат и денес. Оваа книга е само уште една на листата на омилени книги на Бил Гејтс.
„Навистина паметна книга. Признава дека денешните млади луѓе се помалку збунети, но за некои работи се поумни од возрасните“, вели Гејтс.