Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Колку хорор филмови сте гледале досега кои тврделе дека се базирани на вистинска приказна или инспирирани од вистински настани? Хорор приказните кои содржат барем малку вистина се многу пострашни од целосно измислените, а истото важи и за страшните книги базирани на вистински настани. Можеби бесмислените елементи од хорор приказните, како на пример опседнато девојче кое целото превиткано се движи по скалите, не се вистинити, но самата помисла дека некој навистина би можел да биде опседнат од ѓаволи е неверојатно морничава.

Без разлика дали верувате или не, следниве книги тврдат дека се базирани на вистински ужасни настани. Веројатно ќе можете да спиете подобро ако се убедите дека се измислени, но ако сте похрабри ќе сакате да ги читате како факти, а не како фикција. Погледнете кои се тие и подгответе се за бессони ноќи исполнети со терор…

1. „Егзорцист“ (The Exorcist) од Вилијам Питер Блети

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Исто така позната како книгата или филмот поради кои вашите родители имале кошмари кога сте биле помлади. „Егзорцист“ важи за еден од најстрашните филмови некогаш направени. Но, пред да биде преточен на филмското платно, станувало збор за книга. Но, уште порано станувало збор за вистинска приказна за опседнатост со демони. Авторот тврдел дека се работи за вистинска опседнатост и егзорцизам за кои тој некогаш чул. Дали ќе верувате или не, останува на вас.

2. „Хоророт во Амитивил“ (The Amityville Horror) од Џеј Ансон

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Веројатно веќе ви е позната оваа приказна: Семејство се вселува во нова куќа каде се соочува со теророт на демонското присуство. Опседнатоста со демони во Амитивил е една од најпознатите приказни за опседнати куќи во Америка и послужила како инспирација за неколку филмови, но и книга. Многумина се сомневаат во вистинитоста на изјавите од страна на семејството. Но, да бидеме реални! Дури и само една четвртина од она што жртвите го изјавиле да е вистина, сепак станува збор за неверојатно застрашувачка приказна.

3. „Одри Роуз“ (Audrey Rose) од Френк Де Фелита

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Де Фелита се колнел дека бил инспириран да ја напише оваа приказна благодарение на неговиот роден син, за кој се сомневал дека е реинкарнација на талентиран пијанист откако забележал дека момчето покажува неверојатен талент уште од многу рана возраст. Тоа не се вклопува баш со приказната на книгата во која се работи за мало девојче по име Ајви со кое еден странец почнува да се опседнува. Мажот тврди дека Ајви е реинкарнација на неговата ќерка Одри која починала истиот момент кога Ајви се родила. Можете да претпоставите дека родителите на Ајви не биле баш воодушевени од неговата ситуација. Романот има многу помрачен крај од вистинската приказна за реинкарнација на Де Фелита, која завршува со тоа што неговиот син станал одличен пијанист.

4. „Ѓаволот во Конектикат“ (The Devil in Connecticut) од Гералд Бритле

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Поради оваа книга веројатно ќе престанете да ја користите изреката „Ѓаволот ме натера“. Главните ликови се демонолозите Ед и Лорејн Ворен и приказната започнува со едно момче кое е опседнато со ѓаволот откако семејството се преселило во нова куќа. Откако неговата состојба ќе се влоши, семејството бара помош од свештеници да извршат егзорцизам. Потоа, демоните кои наводно го опседнале момчето го преземаат телото на друг човек и го тераат да го убие сопственикот на земјиштето. Без разлика дали верувате во оваа демонска опседнатост или не, ќе ви откриеме дека судијата не падна на тој изговор.

5. „Ѓаволот во белиот град“ (The Devil in the White City) од Ерик Ларсон

Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

Ларсон ги раскажува застрашувачките приказни на двајца мажи кои учествувале во Светскиот саем во Чикаго во 1893 година. Едниот од нив бил архитект кој имал задача да го дизајнира поголемиот дел од саемот и тој не бил поврзан со никакви убиства. А другиот бил шармантен психопат кој саемот го видел како можност да осуди што е можно повеќе жртви на пропаст. Х.Х. Холмс изградил хотел кој му служел како зандана за убивање, каде многу од неговите гости доживеале брутално безмилосен крај.

Преминете на следната страница за останатите 5 хорор книги…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар