Кој е најдобриот роман во последните 125 години според читателите на Њујорк Тајмс?

Кој е најдобриот роман во последните 125 години според читателите на Њујорк Тајмс?

Познатиот американски дневен весник Њујорк Тајмс неодамна одбележа 125 години откако во весникот почнале да се објавуваат рецензии за нови книги. Овој јубилеј беше одбележан така што читателите на весникот дадоа свое мислење за најзначајните литературни дела создадени во тој период.

Кој е најдобриот роман во последните 125 години според читателите на Њујорк Тајмс?

Читатели од шеесет и седум земји ги номинирале своите фаворити, а новинарите врз основа на нивните гласови направиле листа на 25 најдобри романи напишани во последните 125 години. Резултатите од гласањето беа објавени деновиве.

Според одлуката на читателите на Њујорк Тајмс, најдобар роман во последните 125 години е „Да се убие птицата подбивница“ од американската писателка Харпер Ли. Второто место му припадна на романот „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“, првиот дел од фантастичната трилогија на Џ. Р. Р. Толкин, а на трето место е романот „1984“ на Џорџ Орвел.

Во продолжение погледнете ја листата на најдобрите 25 романи напишани во последните 125 години според читателите на Њујорк Тајмс:

  • „Да се убие птицата подбивница“, Харпер Ли (1960)
  • „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“, Џ. Р. Р. Толкин (1954)
  • „1984“, Џорџ Орвел (1949)
  • „Сто години самотија“, Габриел Гарсија Маркес (1967)
  • „Љубена“, Тони Морисон (1987)
  • „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, Ентони Дор (2014)
  • „Параграф 22“, Џозеф Хелер (1961)
  • „Ловец во ‘ржта“, Џ. Д. Селинџер (1951)
  • „Пајажината на Шарлот“, Елвин Брукс Вајт (1952)
  • „Завера на будалите“, Џон Кенеди Тул (1980)
  • „Кревка рамнотежа“, Рохинтон Мистри (1995)
  • „Џентлмен во Москва“, Ејмор Тоулс (2016)
  • „Одвеано од виорот“, Маргарет Мичел (1936)
  • „Плодови на гневот“, Џон Стајнбек (1939)
  • „Големиот Гетсби“, Френсис Скот Фицџералд (1925)
  • „Приказната на робинката“, Маргарет Атвуд (1985)
  • „Хари Потер и каменот на мудроста“ Џ. К. Роулинг (1997)
  • „Бескраен мајтап“, Дејвид Фостер Валас (1996)
  • „Мал живот“, Хања Јанагихара (2015)
  • „Лолита“, Владимир Набоков (1955)
  • „Осамена гулабица“, Лари Мекмертри (1985)
  • „Шума над шумите“, Ричард Пауерс (2018)
  • „Молитва за Овен Мини“, Џон Ирвинг (1989)
  • „Едно дрво расте во Бруклин“, Бети Смит (1943)
  • „Улис“, Џејмс Џојс (1922)

Откако ги прочитавте резултатите од анкетата на Њујорк Тајмс за најдобрата книга напишана во последните 125 години, можеби ќе сакате да прочитате и кои книжевни класици треба да ги прочитате барем еднаш.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар