Кои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?
Можеби не треба да ја судите книгата по корицата, но дефинитивно треба да обрнете внимание на насловот. Од насловот зависи дали некоја книга ќе ве привлече или не. Можеби ќе се изненадите, но некои од најпознатите класици во литературата имале сосема поинакви наслови на почетокот. Дали писателите донеле добра одлука кога ги смениле, одлучете самите. Погледнете ги оригиналните наслови на некои од нашите омилени книги…
„1984“ – Џорџ Орвел (1984)
Дистопискиот роман на Орвел најпрво се викал „Последниот човек во Европа“ (The Last Man in Europe), но издавачите сметале дека нема да привлече доволно внимание. Со оглед на тоа што оваа книга била продадена во повеќе од 30 милиони примероци, ние мислиме дека тие донеле правилна одлука.
„Да се убие подбивната птица“ – Харпер Ли (To Kill a Mockingbird)
Овој прекрасен класик имал многу едноставен наслов кој гласел „Атикус“, но писателката Харпер Ли одлучила дека таквиот наслов бил премногу сконцентриран на ликот. Најверојатно немала да погреши доколку го оставела оригиналниот наслов, бидејќи Атикус е навистина извонреден лик!
„Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд (The Great Gatsby)
Замислете го ова ремек-дело на Фицџералд со наслов како „Трималхион во Вест Ег“ (Trimalchio in West Egg) или можеби „Љубовникот кој високо отскокнува“ (The High-Bouncing Lover). Писателот си играл со повеќе наслови додека конечно не се одлучил за „Големиот Гетсби“.
„Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин (Pride and Prejudice)
Таткото на Џејн Остин ја предал првата верзија од ракописот на издавачот под наслов „Први впечатоци“ (First Impressions), но издавачот го одбил. Подоцна, Остин го поправила текстот и го сменила насловот, а останатото е книжевна историја.
„Квака-22“ – Џозеф Хелер (Catch-22)
Денес овој термин го користиме за да опишеме некаков парадоксален проблем (како на пример моментот кога ви требаат очила за да си ги најдете очилата). Тој станал популарен благодарение на познатиот роман на Џозеф Хелер. Меѓутоа, писателот најпрво сакал да ја наслови книгата „Квака-18“, само што тоа било премногу слично на штотуку објавената „Мила 18“. Потоа, се сетил на насловот „Квака-11“, но и тоа не одговарало бидејќи било премногу слично на филмот „Единаесеттемина на Оушн“. На крајот, Хелер само го помножил бројот 11 и го добил крајниот резултат.
Продолжува на следната страница…