Книжевен предизвик: 8-те најкомплицирани книги што вреди да ги прочитате
5. „Пеколот“ од Данте Алигиери
Првиот дел од епската поема „Божествена комедија“, напишана во 14-ти век, ја раскажува приказната за патувањето на Данте низ 9-те круга на пеколот, предводен од страна на римскиот поет Виргилиј. Станува збор за алегорија на човечката потрага по духовно просветлување, но „Пеколот“ е тежок за читање бидејќи бара длабоки историски и теолошки познавања. Ако можете да го читате ова ремек-дело на изворен италијански јазик, ви симнуваме капа!
6. „Портрет на уметникот во младоста“ од Џејмс Џојс
Ова е првиот роман на Џојс, објавен во 1916 година. Главниот лик е Стефан Дедалус, алтер-егото на Џојс, кој претставува алузија на Дедал, уметникот од грчката митологија. Во книгата се мешаат раскажувачот во трето лице еднина и слободниот индиректен говор каде што гласот на авторот управува со гласот на ликот. Џојс дава детали за религиозното и интелектуалното будење на Стефан, по чие читање несомнено ќе ве замислат.
7. „Никогаш не пуштај ме да си одам“ од Казуо Ишигуро
Предупредување: Романот ќе ви предизвика солзи во очите, откако конечно ќе разберете што се случува. Станува збор за дистописки научно фантастичен роман кој раскажува за тоа каков би бил животот кога би биле клонови, родени само за да донирате органи. Главниот заплет не се разјаснува сѐ до самиот крај, поради што оваа книга ќе ви остане во сеќавање многу долго време откако ќе завршите со читање.
8. Библијата од повеќе автори
Сте чуле за неа? Станува збор за најпродаваната книга на сите времиња (5 билиони копии). Библијата освен што е долга, отворена е за безброј различни интерпретации, така што нема да навлегуваме во нејзината содржина.
Доколку сте љубители на пишаниот збор, сигурно ќе ви се допаднат следниве 12 книги кои се одлични за читање пред спиење.