Книжевен предизвик: 8-те најкомплицирани книги што вреди да ги прочитате
Дали некогаш сте прочитале книга која ве збунила, но не сте успеале да извлечете никаква порака? Обично таквите книги се накитени со богат речник и описи само за да ве импресионираат, меѓутоа за жал, немаат подлабоко значење. Тоа не е случајот со следниве 8 книги кои се тешки за читање, но дефинитивно вредат за сиот труд и време што ќе ги потрошите…
1. „Плочка“ од Хулио Кортасар
Магичниот реализам не е лесен жанр, но „Плочка“ е дефинитивно еден од најтешките примери. Романот на Кортасар од 1963 година за париските боеми може да се чита на два различни начина: Од почеток до крај или со „скокање“ преку 155-те поглавја следејќи ги инструкциите на авторот. Освен тоа, има неколку поглавја што не треба да се прочитаат за да се разбере содржината. Несомнено е дека ќе почувствувате неверојатно задоволство кога ќе завршите со читање, без разлика како ќе стигнете до крајот.
2. „Бесконечна шега“ од Дејвид Фостер Волас
На некои луѓе им требаат неколку обиди за да завршат со читање на ова ремек-дело од 1996 година, но трудот дефинитивно се исплати. Станува збор за 1.079 страници во кои се опишува сѐ, од зависност и тенис до теорија на филм и сепаратизмот во Квебек. Романот е тажен, смешен, провокативен и неверојатно инвентивен!
3. „Абсалом, Абсалом!“ од Вилијам Фокнер
Фокнер е препознатлив по неговите долги и испреплетени реченици кои се застапени и во овој роман. Инаку, романот во 1986 година влегол во Гинисовата книга на рекорди за „најдолгата реченица во литературата“ која содржела 1.288 зборови. Во романот се работи за Томас Сатпен, човек од Југот роден во сиромаштија, кој наоѓа богатство, се жени за богата жена и ја предизвикува сопствената трагедија. Критичарите ја сметаат книгата за едно од најдобрите дела на Фокнер.
4. „Игра на тронови“ од Џорџ Р. Р. Мартин
Мислите дека ТВ серијата е комплицирана? Пробајте да ги читате книгите, каде што ја немате таа привилегија да ги разликувате ликовите по нивниот изглед. Станува збор за серијал кој обработува комплексен систем на куќи, кралства и измислен јазик. Кога ќе сфатите кој е кој, ќе ви биде полесно за следење и нема да можете да престанете со читање.
Продолжете на следната страница за останатите книги…